(Видео) Гори во центарот на Москва


  Центарот на москва е во чад, а пожар се шири од зграда на управата. Пожарот избил во павилјонот со канцеларии на градоначалникот на Москва, но и надвор од него, пренесе РТ. Репортери кои се на местото на пожарот јавуваат дека нема жртви. Причината за пожарот ќе биде утврден подоцна. Central Moscow: Pavilion on fire …

(Видео) Гори во центарот на Москва Read More »

Путин повторно на вонредна средба со олигарсите


Претседателот на Русија, Владимир Путин, повторно ги повика на вонредна средба членовите на бизнисот и врвните менаџери на најголемите компании во светот. „Иницијативата“ на Путин доаѓа веднаш откако Кремљ објави дека „специјалната воена операција“ во Украина влегува во нова фаза. Средбата со олигарсите е закажана за денеска. Разговорот е доверлив и ќе се одржи зад …

Путин повторно на вонредна средба со олигарсите Read More »

Кибер-напади врз интернет-страници на аеродроми, железницата и државни институции во Чешка


Кибер-напади се извршени врз официјални веб-страници на аеродроми, железници, државни и општински институции, како и врз компании во Чешката Република. Весникот „Млада фронта Днес“ објавува информација за нападите повикувајќи се на Националната управа за кибер и информатичка безбедност, според која се работи за т.н. „DdoS“ напади со прекумерен број симултани отворања на страниците, што ги оптоварува серверите и доведува до застои. Весникот пишува дека поради …

Кибер-напади врз интернет-страници на аеродроми, железницата и државни институции во Чешка Read More »

Русија ангажираше 20.000 платеници во битката за Донбас


  Русија распореди до 20.000 платеници од Сирија, Либија и од други места во својата нова офанзива во регионот Донбас во Украина, испратени во битка без тешка опрема или оклопни возила, според европски официјален претставник. Официјалниот претставник рече дека тие се регрутирани од руската платеничка компанија, групата „Вагнер“. „Она што можам да ви го кажам …

Русија ангажираше 20.000 платеници во битката за Донбас Read More »

Четворица загинати, седуммина исчезнати при експлозии во полски рудник за јаглен


 Најмалку четири лица загинаа, а седум се водат како исчезнати, при две наводни експлозии на гас во рудник за јаглен во јужна Полска, соопшти компанијата која стопанисува со рудникот. – Дваесет и едно лице се ранети. Не можеме да воспоставиме врска со осум лица кои работеа таму, изјави раководителот на рударската компанија JSW, Томаш Кудни …

Четворица загинати, седуммина исчезнати при експлозии во полски рудник за јаглен Read More »

Во Италија приведени околу 60 осомничени соучесници на мафијата


Италијанската полиција презеде мерки на претпазливост против 59 наводни соучесници на неаполската мафија Камора, јавија локалните медиуми. Приведени се 36 лица, на 16 им е одреден домашен притвор, а на седум лица им е изречена забрана за вршење дејност. Покрај тоа, истражителите запленија различни имоти во вредност од 150 милиони евра. Уапсените се сомничат за изнуда, перење пари, измама, …

Во Италија приведени околу 60 осомничени соучесници на мафијата Read More »

Шведска и Финска ќе влезат со невидена брзина во НАТО


Сега е речиси сигурно дека Финска и Шведска ќе влезат во НАТО. Ова ќе биде најголемото политичко и воено прецртување на европската карта откако земјите од Централна и Источна Европа се приклучија кон воената алијанса и кон ЕУ во неколку бранови во 1990-тите и раните 2000-ти. Најголемото прашање веќе не е дали, туку кога Финска и …

Шведска и Финска ќе влезат со невидена брзина во НАТО Read More »

Руски бизнисмен бара на Путин да му се понуди „пристоен излез“ од функцијата


Богатиот руски бизнисмен Олег Тинков  ја осуди, како што рече, „лудата војна“ на Москва во Украина, велејќи дека 90 отсто од неговите сонародници не ја поддржуваат и го повика Западот да му понуди на Владимир Путин пристоен начин да се повлече од функцијата. „Не гледам дека некој има корист од оваа луда војна! Невини луѓе …

Руски бизнисмен бара на Путин да му се понуди „пристоен излез“ од функцијата Read More »

Меѓу убиените во Буча е и роднина на Навални


Kритичарот на Кремљ, Алексеј Навални, затворен во казнена колонија, во вторникот изјави дека руски војници убиле 60-годишен маж по име Илја Навални во украинскиот град Буча, само поради совпаѓање на имињата, пренесе Ројтерс. По повлекувањето на руските сили од Буча минатиот месец, украинските власти исто така соопштија дека пронашле повеќе од 400 тела на луѓе …

Меѓу убиените во Буча е и роднина на Навални Read More »

За руските дипломати, дезинформациите се дел од работата


  Додека владите и компаниите за социјални медиуми се префрлија да ги потиснат државните медиуми на Русија и дезинформациите што тие ги шири за војната во Украина, дипломатите на Кремљ влегоа на теренот за да ја завршат валканата работа. Руските амбасади и конзулати ширум светот обилно ги користат Фејсбук, Твитер и други платформи за да …

За руските дипломати, дезинформациите се дел од работата Read More »

Заменик-градоначалникот на Мариупол соопшти дека во градот има уште 130.000 луѓе


Заменик-градоначалникот на Мариупол Сергеј Орлов соопшти дека во градот сè уште има околу 130.000 луѓе. Градот е под блокада повеќе од педесет дена, а Орлов вели дека веќе нема струја, вода, храна ниту лекови. – Луѓето живеат во услови на постојано бомбардирање и воздушни напади. Недостасува сè, недостасува живот, рече тој и додаде дека на бранителите на градот им е сè потешко и оти се опколени. Украинската …

Заменик-градоначалникот на Мариупол соопшти дека во градот има уште 130.000 луѓе Read More »

Норвешка ѝ испрати на Украина 100 ракетни системи Мистрал


 Норвешка испрати 100 ракетни системи Мистрал во Украина како одговор на барањето на Киев за различно оружје, соопшти Министерство за одбрана во Осло. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно побара од Осло да испрати оружје во неговата земја, вклучувајќи противбродски ракети Харпун и мобилни противвоздушни ракетни системи НАСАМС.

Пентагон: Украина добива борбени авиони


САД – Украина доби борбени авиони и делови за авиони за да ги зајакне своите воздухопловни сили соочени со руската инвазија, соопшти Пентагон, одбивајќи да го прецизира бројот и типот на авионите и нивното потекло. Украинските сили „сега имаат на располагање повеќе борбени авиони со фиксни крила отколку пред две недели“, изјави портпаролот на Пентагон Џон …

Пентагон: Украина добива борбени авиони Read More »

Џозеф Кан е новиот извршен уредник на „Њујорк тајмс“


Џозеф Ф. Кан, добитник на Пулицерова награда и дописник на „Њујорк тајмс“ од Кина ќе биде новиот извршен уредник на весникот, соопшти вчера изданието.  Кан во весникот работeл како раководен уредник кој помогнал во преминот од печатена во дигитална форма на „Њујорк тајмс“.  Извршен уредник е втора по важност уредничка позиција во „Њујорк тајмс“ и една …

Џозеф Кан е новиот извршен уредник на „Њујорк тајмс“ Read More »

Западот итно испраќа артилерија да ѝ помогне на Украина


  Соединетите Држави, Велика Британија и Канада ветија дека ќе испратат повеќе артилерија во Украина за да им помогнат на своите војници да ги одбранат регионите на истокот на земјата, каде што Русија започна сеопфатен напад. Американскиот претседател Џо Бајден им рече на новинарите по разговорот со британскиот премиер Борис Џонсон, канадскиот премиер Џастин Трудо …

Западот итно испраќа артилерија да ѝ помогне на Украина Read More »

Францускиот премиер Кастекс најави оставка во случај да победи Макрон


Францускиот премиер Жан Катекс денеска изјави дека има намера да поднесе оставка по вториот круг од претседателските избори, доколку победи претседателот во заминување Емануел Макрон, јави радиото Франс Инфо.   – Ќе поднесам оставка во деновите по изборите доколку Макрон биде реизбран, рече Кастекс, додавајќи дека се зависи од изборните резултати.   Тој навести можност …

Францускиот премиер Кастекс најави оставка во случај да победи Макрон Read More »

Санкциониран руски милијардер се нафрли на Путин: „Војната е лудило“


  Руски банкарски милионер под западни санкции јавно ја критикуваше војната во Украина во нападот врз Путин кој ретко се гледа во руските финансиски кругови. Олег Тинков (52), кој поседува руска банка заедно со првата приватна супер јахта за кршење мраз во светот, беше санкциониран откако Путин даде наредба за инвазија на Украина. Тој се …

Санкциониран руски милијардер се нафрли на Путин: „Војната е лудило“ Read More »

Еден од командантите на проруските сепаратисти убиен во Украина


  Убиен е командантот на еден од баталјоните на проруските сепаратисти на истокот на Украина, Михаил Кишчик. Попознат под прекарот Миша Чеченецот, Кишчик загина додека руските трупи и силите на сепаратистите започнаа напад против украинската армија на истокот на земјата. Премиерот на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) Сергеј Козлов на својот профил на социјалните мрежи …

Еден од командантите на проруските сепаратисти убиен во Украина Read More »

Руски авион морал да направи круг од 15.000 километри за да собере дипломати


  Авион испратен од Москва да ги земе протераните руски дипломати од Грција, а потоа и од Шпанија, бил принуден да направи круг од 15.000 километри поради забраната за летови од ЕУ, пишува веб-страницата за следење летови FlightRadar24. „Додека Шпанија и Грција направија еднократен исклучок за авионот да влезе во нивниот воздушен простор, летовите се …

Руски авион морал да направи круг од 15.000 километри за да собере дипломати Read More »

Најдени тројца мртви морнари на носач на авиони, закотвен во пристаништето во Вирџинија  


САД– Тројца морнари од носачот на авиони УСС „Џорџ Вашингон“ се најдени мртви за помалку од една недела, соопштија синоќа истражители од воената морнарицa на САД, јави Си-ен-ен.  Еден морнар бил најден во безсознание во петокот, додека останатите двајца биле најдени надвор од своите базни места на 9 и 10 април.  -Додека инцидентите се под истрага, …

Најдени тројца мртви морнари на носач на авиони, закотвен во пристаништето во Вирџинија   Read More »