Шведска испраќа нуркачки брод за да го испита истекувањето на гасоводот Северен поток


Шведска – Шведска денеска испрати нуркачки брод на местото на минатонеделната експлозија на гасоводите Северен поток 1 и 2 во Балтичкото Море за да го истражи инцидентот што го оневозможи транспортот на руски гас преку таа рута. Европските власти се сомневаат дека експлозијата во близина на шведските и данските води е саботажа, што Москва набрзо се […]

Избори во Бразил: Болсонаро се покажа изненадувачки силен, ќе има втор круг


  РИО ДЕ ЖАНЕИРО – Жаир Болсонаро ги надмина анкетите во првиот круг од претседателските избори во Бразил, обезбедувајќи втор круг, што докажува дека екстремно десничарскиот бран на кој јаваше до претседателската функција останува во сила и му дава на светот уште еден пример за анкети кои ја промашуваат трагата. Анкетите на јавното мислење со […]

Си-Ен-Ен во Лиман: Руските трупи се повлекоа на организиран начин


  Сенишната празнина на улиците на Лиман во источна Украина е спротивно на стратешкото значење на овој град. Во неделата воопшто немаше знаци на руски трупи – неколку оштетени руски тенкови, или руски мртви војници или руски затвореници. Припадниците на украинската национална гарда од единицата Депар-1 се движат во мал број на некои улици. Повремените […]

Кремљ уште не знае кои територии од Украина ги анектира


  Три дена откако претседателот Владимир Путин потпиша „пристапни договори“ со кои се формализира руската нелегална анексија на четири окупирани региони во Украина, Кремљ соопшти дека ќе треба да спроведе консултации за дефинирање на границите на две од териториите. За време на неговиот редовен брифинг со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека границите […]

Украина напредува и на јужниот фронт, кај Херсон


  Украинските сили, според објавите во понеделникот, враќаат градови долж западниот брег на реката Днепар во јужна Украина, при што Москва беше принудена да отстапи територии долж втората голема линија на фронтот само неколку дена откако тврдеше дека ја анектираше. Размерите на украинското напредување не беа потврдени, при што Киев молчеше за ситуацијата во областа. […]

Кадиров ги праќа малолетните синови во војна во Украина


  Руската новинска агенција РИА Новости јави дека чеченскиот лидер и сојузник на Владимир Путин, Рамазан Кадиров рекол дека неговите три малолетни синови ќе одат во борба во Украина. „Малолетноста не би требало да смета во обуката на бранителите на нашата таковина. Ахмет, Ели и Адам имаат 16, 15 и 14 години. Но, нивната воена […]

ОН: Околу 5,7 милиони Пакистанци ќе се соочат со сериозна криза со храната поради поплавите


 Обединетите Нации предупредија дека околу 5,7 милиони Пакистанци ќе се соочат со сериозна криза со храната во наредните три месеци, поради поплавите што ја погодија земјата. Пакистанската национална управа за справување со катастрофи соопшти оти во поплавите, предизвикани од обилните монсунски дождови, загинаа 1.695 лица, а погодени се 33 милиони луѓе. Оштетени се над два […]

Нобеловата награда за медицина за истражувањето на ДНК на неандерталецот


Добитник на Нобеловата награда за медицина годинава е шведскиот генетичар Сванте Пабо, за откритија во областа на изумрените хоминински геноми и човечката еволуција. Со своето пионерско истражување Пабо постигна нешто навидум невозможно: секвенционирање на геномот на неандерталецот. Тој го направи и сензационалното откритие на непознатиот Денисов хоминин. Пабо, исто така открил дека се случил трансфер […]

Од ураганот Ијан досега загинаа 78 лица


Смртниот биланс од разорниот ураган Ијан со искачи на 74 лица само во Флорида и уште неколкумина во Северна Каролина, јави Си-ен-ен. Повеќе од 1.100 лица биле спасени во деловите под вода во југозападна и централна Флорида, каде ураганот беше проследен со налети на ветрот од над 200 километри на час. Како што јавија од […]

Половина од мобилизираните мажи во Хабаровск не ги исполнувале критериумите


Воениот комесар на руската област Хабаровск, Јуриј Лаик е сменет од функцијата откако половина од ново мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги исполнувале критериумите за мобилизација, изјави денеска регионалниот гувернер Михаил Дегтјарев. Првата руска мобилизација по Втората светска војна, објавена од претседателот Владимир Путин на 21 септември, предизвика големо незадоволство меѓу официјалните лица […]

Одлуката на Трас за учество на ЕПЦ – поттик за француската иницијатива


Белгија– Одлуката на британската премиерка Лиз Трас да се приклучи на инаугуративниот самит на паневропска групација оваа недела и даде поттик на иницијативата, замисла на францускиот претседател Емануел Макрон. Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЦ) во Прага ќе ги собере 27-те лидери на Европската унија со 17 лидери од континентот во моментов надвор од клубот, […]

Германија пред зимскиот ковид-бран воведува маски на затворено


Стапи на сила нов комплет германски правила за коронавирус за есен и зима, бидејќи земјата се подготвува за пораст на случаите во постудените месеци. FFP2 маските се задолжителни во меѓуградските возови за лица постари од 14 години, додека претходно хируршките маски беа доволни. Од друга страна, укината е обврската за носење маски во авионите, во […]

Столтенберг: Украинците го ослободија Лиман благодарение на храброста


Украинското ослободување на градот Лиман докажува дека украинската армија напредува и може да ги потисне руските сили, изјави денеска за Ен-Би-Си генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Видовме дека успеаја да ослободат уште еден град, Лиман, а тоа докажува дека Украинците напредуваат, дека можат да ги потиснат руските сили благодарение на нивната храброст, вештина, но […]

Ураганот Орлен се засили во бура од четврта категорија додека се движи кон западно Мексико


Ураганот Орлен што брзо се засили на четврта категорија се приближува кон западно Мексико, каде се очекува да предизвика поплави опасни по живот, според Националниот центар за урагани, пренесува Си-Ен-Ен. Ураганот, со максимални постојани ветрови од 130 милји на час, се предвидува дека ќе стигне до брегот на континенталниот дел на Мексико во понеделник или […]

Во координиран одговор, членките на ЕУ ги повикуваат на разговор руските амбасадори


Земјите од Европската унија почнаа да ги повикуваат на разговор руските амбасадори во нивните престолнини како координиран одговор на руската нелегална анексија на украински територии, изјави денеска за ДПА официјален претставник на ЕУ. Германија го повикала рускиот амбасадор во Берлин, потврди германското Министерство за надворешни работи за ДПА. Во министерствата за надворешни работи за понеделник […]

Германија, Данска и Норвешка купиле хаубици за Украина


Германија, Данска и Норвешка нарачале серија оружје со долг дострел за Украина. Испораката на 16 словачки хаубици „Зузана-2″, која штотуку беше најавена од германското Министерство за одбрана, ќе започне следната година. Ова следи по повиците од Украина за повеќе оружје за да се надградат неодамнешните успеси на бојното поле. Топовите, кои можат да испукаат шест […]

Русите со дронови-камикази го нападнале родниот град на Зеленски


  Руските сили го нападнаа Криви Рех со дронови-камикази, јави АП. Се работи за родниот град на украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Нападот на јужниот украински град во кој Зеленски пораснал се случил рано утрово, вели Валентин Резниченки, гувернер на Дњепропетровск, додавајќи дека во нападот се уништени два ката од училиште. Русија се повеќе користи ирански […]

Рускиот Уставен суд ја потврди анексијата на украински територии


Уставниот суд на Руската Федерација објави дека не ја смета меѓународно непризнаената анексија на четири украински територии за кршење на руските закони. Вклучувањето на регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје во Руската Федерација е во согласност со Уставот, објави денеска судот во Санкт Петербург, пренесува државната новинска агенција ТАСС. Меѓународната заедница го осудува потегот на […]

Москва: Северен тек 1 и 2 може да се поправат, но за тоа ќе бидат потребни време и пари


„Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ технички можат да се поправат, но за тоа ќе бидат потребни многу време и пари, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак. – Пред сè, Русија има намера да разјасни кој е виновен за саботажата на гасоводите, доколку за тоа имаат интерес САД, Украина и Полска, посочи тој. – Вакви […]

Трас критикувана за нејзиниот „план за раст“: Требаше подобро да го подготвам теренот


Британската премиерка Лиз Трас денеска се обиде да ја смири својата партија и јавноста, изјавувајќи дека требало да стори повеќе за подобро „да го подготви теренот“ во обид да ја минимизира реакцијата на пазарот поради која фунтата падна на рекордно ниско ниво и се зголемија трошоците за задолжување на владата. На првиот ден од годишната […]