Менаџерот од Вирџинија излегол од канцеларија и пукал безмилосно, девојка застрелал во глава
Еден од работниците со супермаркетот кој го преживеал нападот вели дека напаѓачот излегол од канцеларијата и наеднаш почнал да пука. Тој исто така тврди дека меѓу загинатите има и девојка и чистачка, но полицијата се уште не го соопштува идентитетот на загинатите.
„Едно лице го молеше напаѓачот да застане, а тој ѝ рече грубо да се тргне од патот. Напаѓачот е еден од нашите менаџери. Бев во просторијата за одмор кога ги слушнав истрелите“,вели еден од работниците.Тој легнал на подот и се преправал дека е мртов за да го преживее нападот.
Друга жена која била во продавницата за време на нападот вели дека овој инцидент ќе и остави траума до крајот на животот.
„Видов како девојката е застрелана во главата“, им рече таа на насобраните новинари.
Вооружениор напаѓач уби 10 луѓе во супермаркет „Волмарт“ во Чесапики, во американската сојузна држава Вирџинија, се верува дека е менаџер на продавницата отворил оган, а потоа го свртел пиштолот кон себе и сега е мртов. Има малку детали, но еден полицаец зборуваше за не повеќе од 10 загинати и повеќе повредени. Не се појави никаков мотив.
Сликите на социјалните мрежи покажуваат силно полициско присуство на местото на настанот.Портпаролот Лео Косински рече дека се верува дека пукањето се случило во продавницата и дека осомничениот делувал сам. „Волмарт“ рече дека е „шокиран од овој трагичен настан“ и дека „тесно соработува со органите на прогонот“.
Марк Ворнер, демократски сенатор од Вирџинија, на Твитер напиша дека е „згаден од извештаите за уште едно масовно пукање“.Сенаторот од Вирџинија, Л. Луиз Лукас, исто така демократ, додаде дека ѝ е „апсолутно скршено срце“.Таа на Твитер напиша: „Нема да се одморам додека не ги најдеме решенијата за да ставиме крај на оваа епидемија на оружено насилство во нашата земја“.
Нападот во вторникот вечерта се случи само неколку дена откако вооружен маж отвори оган во ЛГБТ ноќен клуб во американската сојузна држава Колорадо, при што уби пет лица, а рани 17 други.
Во 2019 година, масовно пукање во „Волмарт“ во градот Ел Пасо во Тексас остави 23 мртви.