Путин го враќа СССР, што ќе каже Кина?


Новогодишните празници честопати се проследенисо неочекувани кризи, а 2022 година не е исклучок. Казахстан – земјата богата со енергија лоцирана во центарот на Евроазија -западна во голема политичка криза, а претседателот Касим-Жомарт Токаев се сврте кон Русија за да му помогне да ги задуши народните протести, да го врати редот и да ја консолидира својата …

Путин го враќа СССР, што ќе каже Кина? Read More »

Огромна карпа се урна врз чамци во Бразил, најмалку седум жртви (видео)


Најмалку седум лица загинаа откако огромна карпа падна врз неколку туристички чамци во бразилската држава Минас Жераис во саботата, јави Си-Ен-Ен. Три лица се водат како исчезнати, но спасувачките напори престанаа доцна во саботата поради „недостигот на природно осветлување“ на езерото Фурнас во Капитолио. Тие ќе продолжат во недела во 5 часот по локално време, …

Огромна карпа се урна врз чамци во Бразил, најмалку седум жртви (видео) Read More »

Нов Јужен Велс со највисок дневен број смртни случаи од Ковид-19


Најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс забележа највисок дневен број на смртни случаи од Ковид-19 во саботата, откако варијантата Омикрон ја зафати земјата. Државата, во која живеат 25 милиони Австралијци, пријави 16 смртни случаи од коронавирус еден ден претходно и 30.062 новозаразени. Втората по големина држава Викторија, која овој месец е домаќин на тенискиот турнир …

Нов Јужен Велс со највисок дневен број смртни случаи од Ковид-19 Read More »

Блинкен и Борел разговараа за безбедносните предизвици


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел за актуелните безбедносни прашања. „Секретарот Блинкен ја потврди својата посветеност за зајакнување на соработката меѓу САД и ЕУ и укажа на заедничките предизвици, се вели во соопштението на Стејт департментот. Блинкен ја нагласил важноста од координирана акција …

Блинкен и Борел разговараа за безбедносните предизвици Read More »

Јапонија и САД се договорија за задржување на американскиот воен персонал во базите поради коронавирусот


Јапонија – Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска изјави дека Јапонија и САД постигнале „основен договор“. Според договорот, на членовите на американскиот воен контингент не им е дозволено да ги напуштат своите бази во Јапонија, поради загриженоста за наглото зголемување на бројот на случаи на коронавирус. Кишида рече дека американските војници нема да ги напуштат своите бази …

Јапонија и САД се договорија за задржување на американскиот воен персонал во базите поради коронавирусот Read More »

Саудиската принцеза ослободена по три години во притвор без обвинение


Саудиска Арабија – Саудиските власти ги ослободија принцезата и нејзината ќерка, кои беа затворени без обвинение речиси три години, соопшти Организацијата за заштита на човековите права во Саудиска Арабија. Басма бинт Сауд (57), членка на кралското семејство која долго време се сметаше за застапник за правата на жените и уставната монархија, беше во притвор од март …

Саудиската принцеза ослободена по три години во притвор без обвинение Read More »

Мексико со рекорден број заразени од коронавирус, над 30.000 случаи за еден ден


Мексико– Мексико во саботата постави рекорд по бројот на потврдени дневни случаи на инфекција со коронавирус, бидејќи, според официјалните податоци, се регистрирани повеќе од 30.000 нови случаи. Министерството за здравство во саботата соопшти дека 30.671 нови случаи биле заразени со коронавирус, откако во претходните три дена биле пријавени повеќе од 20.000 нови случаи. Сепак, бројот …

Мексико со рекорден број заразени од коронавирус, над 30.000 случаи за еден ден Read More »

Најмалку седум лица загинаа при уривање карпа во моторен чамец во Бразил


Бразил– Најмалку седум лица загинаа, три се водат за исчезнати, а девет се тешко повредени кога во саботата карпа удрила во моторен чамец под водопад во југоисточниот дел на Бразил, соопшти локалната противпожарна служба. „Камениот блок ненадејно се одвоил од ѕидот на кањонот и удрил во неколку чамци, предизвикувајќи огромен бран над езерото Фурнас во …

Најмалку седум лица загинаа при уривање карпа во моторен чамец во Бразил Read More »

Во Велика Британија од корона вирус досега починаа 150.000 луѓе


  Велика Британија денеска пријави 313 починати од Ковид-19, па вкупниот број од почетокот на пандемијата се искачи на 150.057, што ја прави змејата најтешко погодена во Европа. По повеќедневните рекордни новозаразени поради омикрон, Велика Британија сеха го надмаши и тој симболичен праг. Но, последните неколку дена бројот на заразени опаѓа, па во сабота се …

Во Велика Британија од корона вирус досега починаа 150.000 луѓе Read More »

Во Алмати стапи на сила полицискиот час, апел до жителите да останат дома


Во најголемиот град на Казахстан, Алмати, во 20 часот по локално време стапи на сила полицискиот час што го најавија сирените. Полицискиот час ќе трае до 7.00 часот наутро, а властите апелираа до жителите на тој град да останат смирени и да не ги напуштаат домовите непотребно, пренесува Риа Новости. Како што јавуваат локалните медиуми, …

Во Алмати стапи на сила полицискиот час, апел до жителите да останат дома Read More »

„Ќе го нервираме Макрон“ – антиваксерите во Франција повторно на протести


Во Франција денеска се одржаа протести против задолжителната имунизација и владините мерки, критикувајќи ја намерата на претседателот Емануел Макрон да ги заостри ограничувањата за оние кои одбиваат вакцини против Ковид. Макрон оваа недела рече дека сака да ги „изнервира невакцинираните“ така што ќе им го комплицира животот толку многу што на крајот ќе бидат принудени …

„Ќе го нервираме Макрон“ – антиваксерите во Франција повторно на протести Read More »

Во воздушен напад во северниот дел на Тиграј загинаа 56 лица, најмалку 30 ранети


 Во воздушен напад во северниот дел на регионот Тиграј во Етиопија загинаа 56 лица, а најмалку 30 се повредени во камп за раселени лица, изјавија хуманитарни работници, повикувајќи се на локалните власти и изјави на сведоци. Според нив, нападот врз кампот во градот Дедебит во северозападниот дел на регионот Тиграј, во близина на границата со …

Во воздушен напад во северниот дел на Тиграј загинаа 56 лица, најмалку 30 ранети Read More »

Милорад Додик: Умерениот политичар стана автократ кој го негира геноцидот во Сребреница


  Некогаш во Вашингтон беше опишан како антинационалистички „здив на свеж воздух“ во убиствениот балкански гребен на етнички поделената Босна, со лузни од геноцид. Како се менуваат времињата. Неделава политичкиот водач на босанските Срби Милорад Додик, сега сецесионист кој го негира геноцидот, доби нови санкции од САД поради наводна корупција. Тој одговори во типичен стил, …

Милорад Додик: Умерениот политичар стана автократ кој го негира геноцидот во Сребреница Read More »

(Видео) Затрупани туристи во пакистанско зимувалиште, загинаа 21 лице


  Најмалку 21 лице загина во близина на пакистанско планинско зимувалиште откако обилни снежни наноси денеска затрупаа илјадници туристи на патиштата. „Починаа најмалку 21 лице меѓу кои и жени и деца“, објави спасувачката канцеларија од планинското зимувалиште „Мури“ во сабота. Дестици илјади туристи биле на одмор во овој туристички центарм кој е еден од најпосетуваните …

(Видео) Затрупани туристи во пакистанско зимувалиште, загинаа 21 лице Read More »

Учителка од САД го држела синот (13) во багажник за да не ѝ пренесе корона


Жена од Тексас обвиента е дека својот 13-годишен син го чувала во багажник од автомобил откако тестот покажал дека има корона вирус. Сара Бим (41) на 3 јануари го однела тинејџерот во Центарот за тестирање во Хјустон за дополнително да потврди дали е заразен. Бим на вработените во центарот им рекла дека синот го ставила …

Учителка од САД го држела синот (13) во багажник за да не ѝ пренесе корона Read More »

Талибанците бараат итна хуманитарна помош за Авганистан


  Талибанците апелираа за итна хуманитарна помош за Авганистан „без политичка пристрасност“, наведувајќи дека неодамнешниот снег и поплавите ја влошиле и онака тешката состојба на авганистанскиот народ. Откако талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан во средината на август минатата година, земјата западна во финансиски хаос, со висока инфлација и невработеност. САД замрзнаа милијарди долари авганистански фондови, а …

Талибанците бараат итна хуманитарна помош за Авганистан Read More »

Вакцините против Ковид-19 не влијаат на плодноста, но може да го продолжат менструалниот циклус


САД- Кога луѓето првпат можеа да ги добијат вакцините за Ковид-19, некои забележаа промена во нивниот менструален циклус. Тие не го замислуваа: Една нова студија испитува како вакцините  влијаат на менструацијата и откри дека има мала промена – помалку од еден ден – во должината на циклусот. „(Ова истражување) е и смирувачко и потврдува и …

Вакцините против Ковид-19 не влијаат на плодноста, но може да го продолжат менструалниот циклус Read More »

Проработе вулкан на Галапагос


  Највисоката планина-вулкан на архипелагот Галапагос еруптира и исфрли лава и пепел во облаци над Тихиот Океан, потврди Геофизичкиот институт на Еквадор. Облакт гас и пепел од вулканот Вук се искачи на 3.793 метри надморска висина пред полноќ по локално време, соопштија од институтот, пренесе АП. Комитетот за итни операции на Еквадор соопшти дека нова …

Проработе вулкан на Галапагос Read More »

Чилеанците протестираат против договорот за експлоатација на литиум


Чилеанците излегоа на улиците во петокот за да протестираат против владиниот план да продаде договор за екстракција на литиум, што ја оживува дебатата за национализација на овој ресурс додека новиот левичарски претседател се подготвува да ја преземе функцијата, јави АФП. Опозицијата повика на протести под транспарентот: „Да го вратиме нашиот ресурс“. Опозициските пратеници покренаа судска …

Чилеанците протестираат против договорот за експлоатација на литиум Read More »

Над 300 милиони луѓе во светот се заразени со Ковид-19


Швајцарија– Вкупниот број на регистрирани случаи на Ковид-19 во светот надмина 300 милиони. Брзото ширење на сојот Омикрон постави нови рекорди за инфекција во десетици земји во текот на минатата недела. Во изминатите седум дена, 34 земји го регистрираа својот најголем број неделни случаи од почетокот на пандемијата, вклучувајќи 18 нации во Европа и седум …

Над 300 милиони луѓе во светот се заразени со Ковид-19 Read More »