Учителка од САД го држела синот (13) во багажник за да не ѝ пренесе корона


Жена од Тексас обвиента е дека својот 13-годишен син го чувала во багажник од автомобил откако тестот покажал дека има корона вирус.

Сара Бим (41) на 3 јануари го однела тинејџерот во Центарот за тестирање во Хјустон за дополнително да потврди дали е заразен. Бим на вработените во центарот им рекла дека синот го ставила во багажникот за да не ја зарази со корона вирус.

Вработен во центарот повикал полиција

Службениците дошле до нејзиниот автомобил и во багажникот го нашле нејзиниот син кој немал телесни повреди иако за време на возењето не бил врзан со безбедносен појас, пишува „Скај њус“.

Еден од вработените ѝ рекол на мајката, која инаку работи како учителка, дека нема да го тестира нејзиниот син доколку не го преместат на задното седиште во автомобилот, а потоа ја известил полицијата.