Огромна карпа се урна врз чамци во Бразил, најмалку седум жртви (видео)


Најмалку седум лица загинаа откако огромна карпа падна врз неколку туристички чамци во бразилската држава Минас Жераис во саботата, јави Си-Ен-Ен.

Три лица се водат како исчезнати, но спасувачките напори престанаа доцна во саботата поради „недостигот на природно осветлување“ на езерото Фурнас во Капитолио. Тие ќе продолжат во недела во 5 часот по локално време, изјави Педро Аихара, портпарол на противпожарната служба.
Аихара рече дека 23 од 32 лица кои имале полесни повреди се отпуштени, додека други двајца имале скршеници.
Спасувачките напори ќе продолжат барем до понеделник, рече Аихара, додавајќи дека ситуации како што се жртвите да биат заробени под карпата потенцијално може да го продолжат времетраењето на таа мисијата.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро рече дека морнарицата распоредила тим за помош за да се приклучи на напорите за пребарување и спасување.
Во државата Минас Жераис, област без излез на море во југоисточниот дел на Бразил, неодамна имаше обилни врнежи. Во петокот, бразилскиот национален институт за метеорологија издаде црвени предупредувања за Минас Жераис, предвидувајќи повеќе од 100 милиметри врнежи дневно најмалку четири дена, објави државниот медиум Agência Brasil.
Обилните дождови беа причината за олабавување на карпата кај езерото Фурнас, според Ромеу Зема, гувернер на Минас Жераис.

„Се солидаризирам со семејствата во овој тежок момент“, напиша Зема на Твитер. „Ние ќе продолжиме да дејствуваме за да ја обезбедиме потребната заштита и поддршка.
На видеото кое беше објавено на социјалните мрежи се гледаат туристи на други чамци во езерото Фурнас како викаат „бегајте од таму“ непосредно пред да падне карпата.

Драматичните видеа објавени на социјалните мрежи го покажаа точниот момент кога камената маса се одвои и падна врз три чамци, што предизвика паника кај патниците кои ја гледаа сцената на други чамци. Исто така, се гледа како туристите викаат додека голем блок од камења паѓа во водата. Во таа прилика потона најмалку еден брод, а другите побегнаа.

Регионот Капитолио во државата Минас Жераис, околу 420 километри северно од Сао Паоло, со карпите, кањонот и водопадите што го опкружуваат езерото Фурнас привлекува многу туристи.
 
Моментот кога карпата паѓа врз чамцитте (предупредување – вознемирувачко видео):