(Видео) Затрупани туристи во пакистанско зимувалиште, загинаа 21 лице


 

Најмалку 21 лице загина во близина на пакистанско планинско зимувалиште откако обилни снежни наноси денеска затрупаа илјадници туристи на патиштата.

„Починаа најмалку 21 лице меѓу кои и жени и деца“, објави спасувачката канцеларија од планинското зимувалиште „Мури“ во сабота.

Дестици илјади туристи биле на одмор во овој туристички центарм кој е еден од најпосетуваните северно од главниот град Исламабад, за да уживаат во погледот и снегот кој почна да паѓа во вторникот вечерта.

Спиеле во автомобили

Според проценка на владата, повеќе од 100.000 возила се забележани на тоа подрачје, а хотелите се полни. Посетителите без сместување немале друга опција туку да преспијат во своите автомобили.

Социјалните мрежи се полни со снимки од возила заробени во снежните наноси.

Министерот за внатрешни работи Шеик Раѓид Ахмад, рече дека илјадници возила уште се заглавени на патиштата, а властите ги повикаа вооружените сили да помогнат во спасувачките операции.

Вонредна состојба

Властите прогласиле вонредна состојба во Мури и забраниле влегување на возила и туристи во тоа подрачје. Мештаните носат храна и покривачи за луѓето затрупани во снегот.

Министерот за информирање Фавад Чудри ги повика луѓето да не доаѓат во Мури следните неколку дена.

Пакистанскиот метеоролошки завод објави дека обилните снежни вржени може да продолжат до недела вечерта.