Во Велика Британија од корона вирус досега починаа 150.000 луѓе


 

Велика Британија денеска пријави 313 починати од Ковид-19, па вкупниот број од почетокот на пандемијата се искачи на 150.057, што ја прави змејата најтешко погодена во Европа.

По повеќедневните рекордни новозаразени поради омикрон, Велика Британија сеха го надмаши и тој симболичен праг.

Но, последните неколку дена бројот на заразени опаѓа, па во сабота се пријавени 146.390 случаи за 24 часа.

Иако бројот на пациенти во болница засега е непто помал (18.454 пациенти) отколку во претходните бранови, притисокот врз здравствениот исстем и понатаму е висок.

Здравствената служба на Англија, NHS England, овјави дека на 2 јануари повеќе од 39.000 работници во болниците не дошле на работа затоа што морале во изолација поради зараза или биле во контакт со позитивен на Ковид-19, што е за 59 отсто повеќе отколку недела пред тоа и тројно повеќе отколку на почетокот на декември.

На работа во болниците не дошле повеќе од 4.700 луѓе во Лондон, кој е средиште на овој бран на заразата.

Во петокот британската влада соопшти дека пратила повеќе од стотина војнички лекари како зајакнување во британските болници и итните служби за да се надокнади големиот недостаток на персонал.

Околу 1.800 воени лекари и медицински сестри веќе се распоредени низ Велика Британија како поткрепа за кампањата за вакцинација и итните служби.

Премиерот Борис Џонсон засега одбива да воведе нови рестрикции поради ограничување на ширењето на омикрон , но работа од дома и носење заштитни маски веќе се на сила, а тој смета и на вакцинацијата и на следење на контактите.

Досега две дози од вакцината примиле 82 отсто од жителите постари од 12 години, а со кампањата за довакцинирање, опфатени се 35 милиони луѓе или околу 60 отсто од луѓето постари од 12 години.