Десетици мртви во пожар во миграциски центар во Мексико на границата на САД


  Пожар во собата за спиење во мексикански имиграциски центар во близина на границата со САД остави повеќе од триесетина мигранти загинати, соопшти владината агенција во вторникот, во еден од најсмртоносните инциденти досега во земјата. Неколку часа по избувнувањето на пожарот доцна во понеделникот, низи тела беа поставени под светкавите сребрени чаршафи пред објектот во […]

Белгиската полиција уапси осум лица осомничени за планирање терористички напади


Полицијата во Белгија уапси 8 лица во рамки на две истраги под сомнение дека планирале терористички напади. Како што соопшти денеска федералното обвинителство, во оваа фаза не се утврдени потенцијалните цели. Апсењата се одвивале синоќа во повеќе делови на Белгија, вклучително и во регионот на Брисел. Според извори во правосудството, уапсени се „многу млади радикализирани […]

Жените во ЕУ првото дете го раѓаат се подоцна


Брисел– Жените во Европа, во просек, своето прво дете го раѓаат на возраст од 29,7 години, покажуваат најновите податоци на европското Биро за статистика – Евростат, што денеска го објави својот извештај за 2021 година, јави ДПА. Просечната возраст на мајките кои за првпат родиле од 2013 година континуирано расте, кога изнесувала 28,8 години, соопшти […]

Ликуд на Нетанјаху пропаѓа во анкетите


  Две анкети објавени во понеделникот покажаа дека сегашната коалиција во Израел нема да успее да изгради влада доколку изборите се одржат денеска, во услови на хаос поради нејзините планови за ремонт на судството, но низа партии во опозицијата би можеле да формираат замена за коалиција. Анкетите објавени од телевизиите Канал 12 и Кан покажаа […]

„Сите сме Кинези“, изјави поранешниот претседател на Тајван при посетата на Кина


Луѓето од двете страни на Тајванскиот теснец се етнички Кинези и имаат исти предци, изјави денеска поранешниот тајвански претседател Ма Јинг-јеу на почетокот на историската посета на Кина, критикувана од владејачката партија на островот. Ма, кој беше на власт од 2008 до 2016 година, е првиот тајвански претседател, поранешен или актуелен, што ја посети Кина […]

Над 100.000 државни службеници во Британија ќе штрајкуваат на крајот на април


Повеќе од 100.000 британски државни и јавни службеници ќе се приклучат на нов генерален штрајк на 28 април, со барања од владата за повисоки плати и пензии, услови за отпушања и сигурност на работата, објави Синдикатот на јавни и комерцијални служби (ПЦС ). Како што јави Би-Би-Си, синдикатот ПЦС соопшти дека неговите членови гласале за преземање акција […]

(Видео) Нови детали за нападот во училиштето во САД, објавена снимка од напаѓачката


Вчера, три деца и тројца возрасни беа убиени во пукање во приватно основно христијанско училиште во Нешвил, на југот на САД. Нападот го извршила 28-годишна жена идентификувана како Одри Елизабет Хол, поранешна ученичка во училиштето, која била убиена од полицијата на местото на настанот. Убиените деца биле на возраст меѓу осум и девет години. Џон […]

ОН го повикаа Пјонгјанг да открие каде се наоѓаат жртвите на киднапирањaтa


Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации во Сеул ја повика денеска Северна Кореја да ја потврди судбината и местото каде се наоѓаат луѓето кои исчезнале под нејзиниот режим, обвинувајќи го Пјонгјанг за кршење на правата на жртвите и нивните семејства со децении. Во извештајот за присилните исчезнувања и киднапирања, Канцеларијата за човекови права на […]

Тинејџер со нож уби наставничка во училиште во Бразил, повреди уште пет лица


Тринаесетгодишен ученик од основно училиште во бразилскиот град Сао Пауло денеска со нож ги нападна своите наставници, при што усмрти еден и повреди тројца, а повреди и двајца ученици, изјавија официјални претставници. Петмината повредени се хоспитализирани и се во стабилна состојба, а осомничениот напаѓач е приведен од воената полиција, а сега е под истрага. Убиената […]

Борба против падот на наталитетот: Јапонската влада го поттикнува татковското отсуство


Дете кое седи на рамениците на својот татко и се смешка за време на прошетка во парк е типична слика за јапонскиот икумен, термин што ги комбинира јапонските зборови ikuji, што значи грижа за децата, и ikemen, што се однесува на кул мажи, пишува агенцијата Кјодо. Јапонските власти широко го промовираа овој термин во текот […]

Украина: Русија го нападна Киев со дронови, соборени сите беспилотни летала


Украинските власти соопштија дека противвоздушната одбрана соборила руски беспилотни летала во близина на Киев, чии остатоци предизвикале пожар во нестанбена зграда и оти во нападот нема жртви. Шефот на воената управа на градот Киев, Сергеј Попко, информира дека Русија лансирала 12 дронови кон Киев, но оти украинските сили за противвоздушна одбрана ги идентификувале и уништиле […]

Протестите во Израел продолжуваат


Една од главните лидерки на движењето за протести, докторот по физика Шикма Бреслер синоќа изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите колеги се одлучни да продолжат со усвојувањето на „законот за диктатура“ на следната седница на Парламентот (Кнесетот) за еден месец. „Изјавите на премиерот и неговите екстремистички партнери се знак за нивната намера да […]

Русите истрелале суперсонични ракети кон лажна цел во Јапонското Море


Руската морнарица истрелала суперсонични противбродски ракети врз лажна цел во Јапонското Море, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. – Во водите на Јапонското Море, ракетните бродови на Пацифичката флота истрелаа крстосувачки ракети од типот Москит врз лажна непријателска морска цел, соопшти Министерството на својата интернет страница. Руското Министерство за одбрана прецизираше дека целта, која се […]

Првите британски тенкови „Челинџер“ пристигнаа во Украина


Првите британски тенкови „Челинџер“ пристигнаа во Украина за да помогнат во спротивставувањето на руската инвазија, соопшти синоќа украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников. Резников кажа дека во украинските единици веќе се распоредени „британски Челинџер, американските Страјкер и Пума и германските Мардери“. Министерот на својата Фејсбук страница објави фотографии од овие возила, без да прецизира кога […]

Бајден: Насилството со огнено оружје ја „кине душата на нацијата“


Американскиот претседател Џо Бајден го нарече пукањето во училиште во Нешвил „одвратно“, велејќи дека насилството со огнено оружје ја „кине душата“ на САД. – Тоа е одвратно. Тоа ја кине душата на нашата нација, рече тој, ја пофали брзата акција на полицијата и повторно го повика Конгресот да го забрани автоматското оружје. Бајден не одржа […]

Ким Џонг Ун повика на зголемување на севернокорејскиот нуклеарен арсенал


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика да се зголеми производството на нуклеарни материјали за да се зголеми нуклеарниот арсенал на земјата, велејќи дека Пјонгјанг треба да биде целосно подготвен да го користи оружјето во секое време Ким повика на зголемено производство на нуклеарен арсенал за време на инспекцијата на програмата за нуклеарно оружје на земјата каде што е тестирана […]

СБ на ОН ја отфрли руско-кинеската резолуција за комисиска истрага за експолозијата на Северен тек


Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа не ја прифати руско-кинеската резолуција за формирање комисија која ќе ја истражува диверзијата на гасоводите „Северен тек“. Резолуцијата беше поддржана од три членки на Советот за безбедност, никој не беше против, а 12 земји беа воздржани, јави Тасс. За усвојување на резолуцијата беше неопходна поддршка од девет членки […]

Нетанјаху ги одложува судските реформи со цел да се постигне широк консензус


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека ќе ја одложи својата клучна судска реформа до следната парламентарна седница. „Воден од желбата да се спречи поделбата на нацијата, решив да го одложам второто и третото читање (на предлог-законот) за да може да се постигне широк консензус“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање. На обраќањето на Нетанјаху му […]

Жена уби шест лица во Нешвил, меѓу кои три деца


Осомниченото лице кое денеска изутринава отвори оган во приватно христијанско училиште во Нешвил е мртво, соопштија официјални лица од овој град во Тенеси.  Како што објави Њујорк тајмс денеска, тешко вооружена жена на возраст од 28 години, убила шест лица, вклучувајќи три деца. Таа потоа била убиена од полицијата. Тоа го потврди полицијата на Метро […]

Околу 300.000 бегалци од Украина остануваат во Чешка


 Во Чешка, која од почетокот на војната во Украина привремено прими 502.000 бегалци од таа земја погодена од војна, останаа помалку од 300.000 Украинци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Чешката Република на бегалците им одобри визи и привремено засолниште, по што некои Украинци се вратија во татковината, додека некои заминаа во други земји. Чешкиот […]