Зеленски: Ситуацијата на источниот фронт е исклучително тешка


Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека ситуацијата во источниот дел на земјата е исклучително тешка, и таму руските сили напредуваат во последните недели, особено во близина на Бахмут. – Ситуацијата на линијата на фронтот сè уште е исклучително тешка, особено во регионите Доњецк и Луганск. Буквално се води битка за секоја педа украинска земја, […]

Американски авиони-ловци пресретнаа руски воени авиони во близина на Алјаска


  Два американски борбени авиони пресретнале четири руски воени авиони во близина на Алјаска, соопшти Командата за воздушна одбрана на Северна Америка (НОРАД). Во коминикето се наведува дека „рутинското пресретнување“ се случило во понеделникот. Руските авиони биле тешки бомбардери Ту-95 и ловци Су-35. Тие „останаа во меѓународниот воздушен простор и не влегоа во американскиот или […]

Ерменскиот министер за надворешни работи денеска ќе ја посети Турција


  Ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан денеска планира да ја посети Турција, јави ДПА, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи на поранешната советска република. Синоќа беше објавено дека Мирзојан ќе се сретне со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, како и со ерменските спасувачи кои трагаат по преживеани од разорниот земјотрес во соседната […]

Во Кина, од почетокот на декември, смртните случаи поврзани со Ковид надминаа 80.000


Смртните случаи поврзани со Ковид-19 надминаа 80.000 во Кина од почетокот на декември, објави денеска „Џијангкан шибао“, пренесува ТАСС. Според кинеското издание, бројот на починати од 8 декември до 9 февруари изнесува 83.150. Од почетокот на годината стапката на смртност почна да се намалува. Најмногу заразени починале на 4 јануари – 4.273, додека на 6 […]

Четворица загинати од циклонот Габриел во Нов Зеланд


Четири лица загинаа на Нов Зеланд откако циклонот Габриел ја погоди земјата на почетокот на оваа недела, јави ДПА, повикувајќи се на полицијата. Тело е пронајдено на местото каде исчезна пожарникар при уривање на куќа во регионот Окленд – најнаселен град во земјата. Три лица загинаа во друга област на Северниот остров – Хоков Залив. […]

Бербок: Финска и Шведска треба заедно да влезат во НАТО


 Партнерите во НАТО треба брзо да го спроведат договорот за прием на Шведска и Финска заедно во Алијансата, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. Бербок истакна дека Шведска презела видливи чекори за да ја смири загриженоста на Турција за нејзиното присоединување. „Беше правилно и важно што (Шведска) одговори на загриженоста на Турција, […]

ОН упатија итен повик за помош за Сирија од околу 400 милиони долари


Обединетите нации упатија апел за 397 милиони долари за помош на жртвите од земјотресот во Сирија, каде се загинати илјадници луѓе, а на милиони други им треба итна помош. – Денеска објавувам дека ОН упатија хуманитарен апел за 397 милиони долари за населението погодено од земјотресот во Сирија. Тоа ќе биде доволно за три месеци, […]

Четири лица спасени во Турција 200 часа по земјотресот


  Уште четири лица се спасени речиси 200 часа по силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, но се намалуваат надежите за пронаоѓање на повеќе преживеани од она што Светската здравствена организација ја нарече најголема природна катастрофа во Европа во последните 100 години. Додека првиот тим за помош на ОН по земјотресот влезе во […]

ЕП забрани продажба на нови бензински и дизел автомобили


Европскиот парламент денеска одобри забрана за продажба на нови бензински и дизел автомобили што испуштаат јаглерод диоксид до 2035 година, со цел тие да се тргнат од патиштата на континентот до средината на векот. Земјите-членки на Европската унија веќе го одобрија законодавството и сега формално ќе го прифатат како закон на претстојниот министерски состанок, и […]

Украинците урнале мост во Бахмут да го спречат руското напредување


  Украинските сили, наводно, разнеле мост во близина на источниот град Бахмут, во знак дека можеби планираат да се повлечат од областа, што ќе ѝ даде на Русија значителен симболичен поттик пред првата годишнина од војната. Војниците го кренаа во воздух мостот во понеделникот, според локалниот сајт за вести од регионот Донецк. Украина негира дека […]

Регистрирани повеќе од 420 случаи на злоупотреба во Католичка епархија во Есен


Студија за сексуална злоупотреба во Католичката епархија Есен, Германија документираше 423 случаи на сексуална злоупотреба, многу повеќе отколку што претходно што се мислеше. Институтот ИПП, со седиште во Минхен, идентификуваше 201 виновник, главно свештеници од областа и други епархии. Во извештајот, за чија изработка беа потребни три години, анализирани се сите лични досиеја, вклучително и […]

Уште еден земјотрес во Романија


Силен земјотрес ја погоди и Романија. Според првичните инфорации, потресот бил со јачина од 5,7 степени по Рихтеровата скала. Земјотресот е во близина на градот Фратеши. Земјотресот е регистриран во 13.16 часот на длабочина од 10 км. По него следуваше уште еден, послаб, со јачина од 3,9 степени, а потоа и трет со јачина од […]

Катар донира монтажни куќи користени за Мундијалот за преживеаните од земјотресот во Турција


Катарскиот Фонд за развој најави дека преку донација ќе им помогне на преживеаните во погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција да најдат привремено засолниште во 10.000 монтажни објекти, што беа користени за време на Светското првенство во фудбал. Околу 1,4 милиони фудбалски навивачи беа сместени во монтажни куќи за време на Мундијалот, што се одржа […]

Маск тврди дека го ограничил интернетот во Украина за да спречи Трета светска војна


  Илон Маск верува дека ограничувањето на Старлинк за употребата на сателитски интернет сервис од страна на украинската војска за контрола на беспилотни летала е неопходно за да се спречи конфликтот да ескалира во светска војна. „Старлинк е комуникацискиот столб на Украина, особено на првите борбени линии, каде што е уништена речиси целата друга интернет […]

Ердоган ги намалил стандардите за градење, сега апси градежници


За време на политичката кампања во 2019 година, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го пофали законодавството што неговата политичка партија го протурка, дозволувајќи им на сопствениците на имот да им се простат прекршоците на градежните компании без да ги усогласат нивните згради. Потегот беше ризичен во Турција, земја полна со дефекти и  подложна на земјотреси, […]

Путин се вози со блиндиран воз низ Русија по инвазијата на Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин почна активно да го користи блиндираниот воз за патувања во земјата, пишува центарот „Досие“, цитирајќи лице од потесниот круг на претседателот, како и извор близок до неговата администрација. Блиндираниот воз е изграден уште во 2014-2015 година, но не предизвика голем интерес кај Путин сѐ додека Кремљ не почна да се […]

Во Екваторијална Гвинеја се шири смртоносниот вирус Марбург


Екваторијална Гвинеја го потврди ширењето на вирусот Марбург, многу заразна и смртоносна болест слична на ебола, откако најмалку девет лица починаа, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Во централноафриканска земја повеќе од 200 луѓе се во карантин и ограничено е движењето во провинцијата Ки-Нтем по откривањето на непозната хеморагична треска. И соседната земја, Камерун, исто така, го ограничи движењето долж […]

Дванаесет повредени во експлозија на гас во предградие на Отава


  Во експлозија на гас во предградие на Отава, главниот град на Канада, повредени се 12 лица, меѓу кои две деца, а две лица со тешки повреди морале да бидат извлечени од урнатините, соопштија официјални претставници. Во експлозијата што се случи утринава по локално време, целосно се уништени четири куќи во изградба, а оштетени се […]

Почина еден од повредените во инцидентите во Њујорк


  Едно лице загина, две се во критична состојба, а други осум се повредени кога маж, кој возел пик-ап, неколку пати удрил во пешаци на различни места во Њујорк, соопшти локалната полиција. Инцидентите се случиле во Бруклин. Возачот на изнајменото возило одбил да застане откако удрил неколку лица. Следела бркотница со полицијата, при што возачот удрил […]

„Само да се преживее“: борците на Вагнер ги раскажуваат ужасите од битките во источна Украина


  Двајца поранешни борци на руската приватна воена компанија „Вагнер“ за Си-Ен-Ен раскажаа за нивните ужасни искуства на бојното поле во источна Украина и за тоа дека командантите веднаш би ликвидирале секој што се колебал. Двајцата борци беа заробени од украинските сили кон крајот на минатата година. Си-Ен-Ен не го открива нивниот идентитет заради нивна […]