(Видео) Се урна катна гаража во Њујорк – еден загинат, петмина повредени


Сведоци на уривањето на катната гаража во Њујорк, раскажуваат дека сцената личела на земјотрес, а луѓето во паника барале засолниште.

Очевидци велат дека колапсот се случил брзо и без предупредување. „Сè се случи толку брзо“, рече Тај Нгуен (35).

„Нашата продавница е две згради подалеку од гаражата, а до нас има хотел. Луѓето втрчаа внатре прашувајќи дали можат да се засолнат во нашата продавница“.

„Се чувствувше како земјотрес“, изјави студентот на Универзитетот Пејс, Лиам Гаета, за ABC News. Тој рече дека слушнал многу силен звук и набрзо се’ се урнало и следела евакуација.

Катна гаража на четири ката се урна вчера во долниот дел на Менхетен, Њујорк, во близина на Универзитетот Пејс, при што најмалку еден работник загина, а пет други се повредени, соопштија властите.

Пожарникарите беа извлечени од урнатата конструкција поради нестабилни услови и сега трагаат по жртви со помош на роботски уреди.

„Немаме причина да веруваме дека се работи за нешто друго освен структурен колапс“, изјави за новинарите началникот на градската полиција Кичант Севел. Видео снимката од местото на настанот емитувана од CBS и ABC покажува спасувачка операција во тек и повеќе автомобили наредени еден врз друг во урнатата гаража.

Кај едно лице била констатирана смрт на лице место, а уште четири поради повредите се пренесени во болница. Едно повредено лице одбило медицинска помош, изјави Џон Еспосито, шеф на противпожарните операции на Њујоршката противпожарна служба. Тој рече дека сите шестмина биле работници кои биле таму во моментот на падот.

„Ова беше исклучително опасна ситуација за нашите пожарникари“, рече тој на брифингот со новинарите.