Напад во теретана во Дуизбург: Најмалку четири лица избодени со нож


Германската полиција соопшти дека напаѓач повредил неколку лица во спортска сала во западниот град Дуизбург. Нападот се случил вечерва во центарот на стариот град и полицијата побарала од жителите да ја избегнуваат областа, пишува Индипендент.

„Според досегашните информации, едно лице со предмет повредило други лица. Ситуацијата во моментов е сè уште конфузна“, објави полицијата на Дуизбург на Твитер.

Полицијата започна опсежна потрага
Во моментов на местото на настанот се наоѓаат голем број полицајци, а германската новинска агенција dpa јави дека неколку лица се тешко повредени. Билд дознава дека еден или двајца напаѓачи изболе најмалку четворица мажи со ножеви. Насилникот или сторителите сè уште се во бегство, а полицијата започнала опсежна потрага.

Билд пишува дека најмалку четворица мажи се тешко повредени, а двајца имаат повреди опасни по живот. На местото на настанот се неколку возила на брза помош, а полицијата подигна и хеликоптер.