„Металика“ донира 250.000 долари за Турција и Сирија


Хеви-метал составот „Металика“ ќе дари 250.000 долари (околу 230.000 евра) на хуманитарните организации „Дајрект релиф“ (Direct Relief) и „Ворлд централ кичен“ (World Central Kitchen), коишто обезбедуваат помош за подрачјата погодени од земјотресите во Турција и Сирија. „Немаме зборови за да го опишеме уништувањето во јужна Турција и северна Сирија. Земјотресот со јачина од 7,8 степени […]

Расте бројот на загинати во невремето на Нов Зеланд


Најмалку пет лица загинаа во циклонот Габриел на Нов Зеланд каде и денеска продолжуваат напорите за отстранување на штетите. Полицијата на Нов Зеланд соопшти дека ја истражува смртта на едно лице во Гизборн, за кое се верува дека загинало во поплава. Претходно беа потврдени уште четири смртни случаи, а се стравува дека неколку пријавени исчезнувања […]

Еден убиен во пукање во трговски центар во Тексас


Едно лице е убиено, а три се ранети во пукање во трговски центар во Ел Пасо, Тексас, соопшти локалната полиција. Еден осомничен е во притвор, а полицијата трага по друг можен сторител, изјави портпаролот на полицијата Роберт Гомез. Мотивот за нападот засега е непознат. Трговскиот центар „Сиело Виста“ е во непосредна близина на продавницата Волмарт, […]

Кампања за вакцинација против Ковид-19 еднаш годишно како против грип


Холандија– Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека очекува кампањите за вакцинација против Ковид-19 да се спроведуваат еднаш годишно, слично како и вакцинацијата против грип. Иако вирусот што предизвикува Ковид-19 сè уште не се однесува како сезонски вирус за време на зимските бранови во умерените климатски подрачја, тоа би можело да биде правецот по кој би одело, изјави директорот за здравствени закани […]

Руски балони над Киев, повеќето соборени


Шест руски балони се забележани над Киев, а повеќето од нив се соборени со противвоздушни ракети, соопшти денеска воената управа на главниот град на Украина. Во соопштението објавено на Телеграм, властите во Киев нагласија дека балоните можеби носеле аголни рефлектори и опрема за разузнавање. Потенцијалната цел на пуштањето балони била да се „исцрпи нашата противвоздушна […]

БиХ, Молдавија и Грузија во пакетот на НАТО за помош во одбраната


Соочени со бројни безбедносни и воени предизвици, Босна и Херцеговина, Молдавија и Грузија спаѓаат во категоријата „земји во ризик“, брифираат извори во седиштето на НАТО во Брисел, каде што се одржува Состанокот на министрите за одбрана на НАТО.   Линк до целиот текст тука

ЕK предложи нов пакет-санкции за Русија во вредност од 11 милијарди евра


Белгија- Европската комисија предложи нов пакет-санкции против Русија во вредност од 11 милијарди евра, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен. Предлагаме 10-та транша од санкциите, со трговски забрани и нови проверки на извозот во Русија, особено извозот на технологија. Станува збор за 11 милијарди евра“, изјави Фон дер Лајен на седницата на Европскиот […]

Олексиј Резников останува министер за одбрана на Украина


  Министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников, изјави дека претседателот Володимир Зеленски побарал од него да остане на сегашната функција, откако корупцискиот скандал го опфати неговото министерство и ја доведе во прашање неговата улога. На прашањето дали очекува да продолжи како министер за одбрана во месеците што следат, Резников одговори: „Да, тоа беше одлука […]

Столтенберг: Ќе и дадеме воена поддршка на Украина без преседан


Путин не е заинтересиран за мир и не прави никакви чекори кон мир во Украина. Напротив, тој презема нови офанзиви, продолжува со воени дејствија. Затоа, повеќе тешко вооружување и повеќе обуки се главните обврски што ги преземаа министрите за одбрана на НАТО на состанокот во Брисел, на кој главен фокус е поддршката на борбата на […]

Шест години затвор за руска новинарка затоа што објави дека е ракетиран театарот во Мариупол


  Руски суд ја осуди новинарката на RusNews, Марија Пономаренко на шест години затвор поради ширење лажни вести за руската армија. Судот, исто така, ѝ забрани на Пономаренко да се занимава со новинарски активности на пет години. Марија Пономаренко беше приведена во април 2022 година. Според истрагата, таа во средината на март објавила „лажни информации“ […]

Луфтханза одложи или откажа бројни летови откако падна информатичкиот систем


Луфтханза денеска доживеа голем дефект на информатичкиот систем, поради што мораше да одложи или откаже сè уште непознат број летови, изјави портпаролот на германската авиокомпанија. Погодени се системите за пријавување и чекирање, што предизвика долго чекање на авионите и патниците на аеродромот во Франкфурт, најголемиот аеродром во Германија. Компанијата работи напорно за да го реши […]

Шкотската премиерка Никола Старџен неочекувано поднесе оставка


  Никола Старџен ќе поднесе оставка од функцијата прв министер на Шкотска во шокантна одлука. Извор потврди дека Старџен, која беше прва министерка со најдолг стаж во земјата, ќе ја објави својата оставка во 11 часот по локално време во среда во Единбург. Лидерката на Шкотската национална партија неодамна претрпе серија политички неуспеси, вклучително и […]

Земјотрес на Нов Зеланд


Силен земјотрес денеска го потресе Нов Зеланд, но нема информации за материјални штети или жртви, јави ДПА. Земјотресот бил со јачина од 6,1 степен и бил во близина на главниот град Велингтон, соопшти државната сеизмолошка агенција на Нов Зеланд, Геонет. Земјотресот се случил во 19:30 часот по локално време на длабочина од 50 километри, што значи дека земјотресот бил […]

На руска студентка и се закануваат 10 години затвор поради објава на Инстаграм во врска со војната во Украина


На руска студентка и се заканува затворска казна до 10 години поради нејзината објава на Инстаграм во врска со војната во Украина, јави Би-би-си. Олесија Кривцова е во домашен притвор во северниот град Архангелск. Дваесетгодишната студентка на локалниот универзитет има електронска нараквица на ногата и полицијата може да ја следи. Прекршокот на Олесија е што […]

Бунт во ЕПП по негативните изјави на Берлускони за Зеленски


  Шефот на европските конзервативни партии во вторникот се соочи со внатрешен револт поради коментарите на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони кој го критикуваше претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Политичарите од девет земји ги критикуваа коментарите, а неколку рекоа дека планираат да го бојкотираат претстојниот собир на конзервативците во Неапол, Италија, доколку Берлускони присуствува. Берлускони, […]

Москва тврди дека руските војници успеале да пробијат дел од украинската одбрана во Луганск


  Руските војници успеале да пробијат дел од одбраната на украинските сили во областа Луганск, соопшти Министерството за одбрана во Москва. „Во текот на офанзивата, украинските војници се повлекоа на оддалеченост до три километри од линиите што претходно ги окупираа. Дури и посилната втора одбранбена линија на непријателот не беше во можност да ги спречи […]

Белгиски функционер ја збесна ЕУ, тврди дека нејзините службеници рутински земаат дрога


Еврократите не се корисници на дрога! Со овие зборови претседателот на Европскиот совет  Шарл Мишел ги искритикува „неприфатливите“ забелешки на шефот за планирање на Брисел, Паскал Смет, кој  тврди дека службениците на ЕУ рутински консумираат недозволени супстанции. Осудата на Мишел за коментарите на Смет дојде како одговор на отвореното писмо на најголемиот синдикат што ги […]

Болсонаро планира да се врати во Бразил во март


  Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро изјави дека планира да се врати во земјата во март, откако помина повеќе од еден месец во САД каде што отиде по неговиот изборен пораз, објави весникот Волстрит журнал. Болсонаро во интервју за весникот рече дека ќе се врати во Бразил за да ја предводи политичката опозиција на претседателот […]

Русија мора да плати за обновата на Украина, порачува ЕУ


Шведската мисија која моментално претседава со ЕУ најави дека ќе се формира Европска работна група која ќе користи замрзнати руски средства за обнова на Украина. „Групата ќе спроведе правна, финансиска, политичка, економска анализа за можностите за користење замрзнати руски средства“, соопшти шведската мисија, пренесе Си-Ен-Ен. Во соопштението се додава дека дел од работата на групата […]

Зеленски: Ситуацијата на источниот фронт е исклучително тешка


Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека ситуацијата во источниот дел на земјата е исклучително тешка, и таму руските сили напредуваат во последните недели, особено во близина на Бахмут. – Ситуацијата на линијата на фронтот сè уште е исклучително тешка, особено во регионите Доњецк и Луганск. Буквално се води битка за секоја педа украинска земја, […]