Снимката на родилката од Мариупол е „Фотографија на годината“


 

Главната награда на најпрестижната награда за фоторепортери – World Press Photo – ја доби Евгениј Малолетка, украински фотограф кој работеше во Мариупол за Асошиетед прес за време на повеќемесечната опсада на градот од страна на руските војници. Во номинацијата „Фотографија на годината“ победи неговата слика од породилиштето Мариупол, кое беше погодено од руската армија. Претходно, серија слики од Малолетка направени за време на битките за градот беа признати како најдобри во Европа.

Евгениј Малолетка и видео новинарот Мстислав Чернов, неговиот колега од Асошиетед прес, работеа во Мариупол кога руската армија упадна во градот. Меѓу другото, тие на светот му покажаа извештај од градско породилиште кое се најде под руско гранатирање. Една од овие слики ја освои главната ннаграда.

На фотографијата е 32-годишната Ирина Калинина, која е повредена при гранатирање. Нејзиното дете ќе се роди мртво, Ирина ќе умре половина час по породувањето. Од ударот на породилиштето загинаа три лица, а 17 беа повредени. Русија не ја признава одговорноста за ова злосторство.