Најмалку 78 жртви во стампедо во Јемен


Најмалку 78 лица загинаа во стампедо во главниот град на Јемен, Сана, кое избувна кога стотици луѓе се собраа да примат парични донации во училиште, соопштија денеска очевидци и медиуми под контрола на Хутите.

Неколку лица се повредени, од кои 13 потешко, објави телевизијата Ал Масира, под контрола на Хутите, под влијание на Иран, повикувајќи се на здравствените власти во Сана.

Стампедото се случило додека трговците му делеле парична помош на населението во последните денови од Рамазан, соопшти министерството за внатрешни работи на Хутите.