Средношколец повредил тројца ученици во Казахстан со секира и нож
Во Петропавловск, град на северот на Казахстан, средношколец повредил тројца ученици со секира и нож. Според регионалниот портал Петропавловск њуз, средношколец, за кој се верува дека е психијатриски пациент, донел секира и нож во училиштето и ги нападнал учениците пред почетокот на наставата, при што повредил две момчиња и едно девојче. Одделот за образование на регионот Северен Казахстан соопшти дека две деца се сместени во детска болница […]