Командантот на „Вагнер“ го повика Путин да ја запре војната во Украина
Идеалната опција е да се објави дека Русија ги постигнала сите свои цели - во одредена смисла ние навистина ги постигнавме
Командантот на приватната руска армија „Вагнер“ Евгениј Пригожин го повика рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната во Украина.
„За државната власт и за општеството денес, неопходно е да се стави дебелата точка на специјалната воена операција“, напиша Пригожин за време на викендот во изјавата објавена од прес-центарот на групата.
„Идеалната опција е да се објави дека Русија ги постигнала сите свои цели – во одредена смисла ние навистина ги постигнавме“, рече тој во својата изјава. На Велигден „Вагнер“ ослободи над 100 украински воени заробеници.
Се чини дека руската воена команда сè повеќе ја префрла одговорноста за офанзивните операции во Украина на руските воздухопловни трупи (ВДВ), соопшти Институтот за проучување на војната (ИСВ во своето најново ажурирање.
Американскиот аналитички центар го изнесе тврдењето врз основа на извештаите дека командантот на ВДВ, генерал-полковник Михаил Теплински бил вратен на „голема“ но неодредена улога во Украина, откако руското Министерство за одбрана, наводно, го смени во јануари по спорот со началникот на рускиот генералштаб, Валери Герасимов.
Неговото назначување дополнително сугерира дека руското Министерство за одбрана сака да соработува поблиску со платеничката група „Вагнер“ со цел да го заврши заземањето на Бахмут, пишува ИСВ. Пригожин, го поддржуваше Теплински во времето на неговото отпуштање во јануари.
Руските провоени блогери објавија дека силите на „Вагнер“ управуваат со тенковите Т-90 во рамките на Бахмут, што укажува на тоа дека руското раководство им доделиле помодерни средства на платениците во нивните напори да го заземат градот.