Гана е првата земја што ја одобри вакцината што ќе го „промени светот“


Гана е првата земја која одобри нова вакцина против маларија која научниците кои ја развиле, а  ја опишуваат како инјекција што го менува светот, објави Би-Би-Си.

Вакцината, наречена R21, се чини дека е неверојатно ефикасна во споредба со претходните вакцини во истата област. Регулаторите за лекови во Гана ги оценија конечните резултати од истражувањето за безбедноста и ефикасноста на вакцината, кои сè уште не се објавени, и одлучија да ја користат. Светската здравствена организација исто така размислува да ја одобри вакцината.

Околу 620.000 луѓе годишно умираат од маларија, повеќето од нив мали деца. Податоците од прелиминарната студија спроведена во Буркина Фасо, земја во Западна Африка, покажуваат дека вакцината R21 била 80 проценти ефикасна со дадени три почетни дози и засилена доза по една година. Но, пошироката употреба на вакцината зависи од резултатите од поголема студија во која учествуваат околу 5.000 деца.

Се очекуваше да бидат официјално пуштени на крајот на минатата година, но тоа сè уште не се случи. Сепак, резултатите беа добиени од некои владини тела во Африка и научници. Управата за храна и лекови во Гана, која ги добила податоците, ја одобрила вакцината за употреба кај деца на возраст од пет месеци до три години.