Украина нареди делумна евакуација на жителите на Купјанск, во регионот на Харков


Украина вчера им нареди евакуација на ранливите категории жители на градот Купјанск, на североисточното воиште, каде има напредување на руските сили, соопшти воената администрација. „Во општина Купјанск почна задолжителна евакуација на семејствата со деца и жителите со намалена подвижност поради континуираното бомбардирање на територијата од руските сили“, соопшти воената управа на регионот Харков. Гувернерот на […]

Угледен адвокат од САД ги убил сопругата и син му поради своите финансиски злоупотреби


Поротата во Јужна Каролина (САД) вчера го прогласи поранешниот угледен адвокат Ричард А. Мардо за виновен за убиството на неговите сопруга и син, по шестнеделните сослушувања што го привлекоа вниманието на јавноста ширум земјата. По тричасовно заседавање, 12-члената порота го прогласи Мардо (54) за виновен за убиство на Меги (52) и Пол (22), кои биле […]

Против Доналд Трамп може да се поднесуваат граѓански тужби за неговата улога во нападот врз Капитол


САД– Американското Министерство за правда, во официјален документ денеска наведе дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп може да биде тужен во граѓанска постапка од жртвите на нападот на Капитол и не може да се крие зад неговиот претседателски имунитет. Полицајците и членовите на Конгресот бараат отштета од Трамп, кого го обвинуваат дека ги охрабрувал неговите […]

Аргентина го раскина договорот за Фолкландските Острови


Аргентина– Аргентинската влада побара од Обединетото Кралство повторно да почнат преговори за суверенитетот на Фокландските Острови, соопшти аргентинското Министерство за надворешни работи. Фокландите или Малвинските острови, како што ги нарекуваат Аргентинците, се наоѓаат во јужниот дел на Атлантикот, на околу 600 километри од аргентинското копно. Британските медиуми пренесуваат дека шефот на аргентинската дипломатија, Сантијаго Кафијеро, […]

Речиси една четвртина од населението на Германија се доселеници


 Речиси четвртина од германското население има мигрантско потекло, објави денеска заводот за статистика. „Деветнаесет милиони или 23 отсто од германското население се или доселеници или двајцата родители им се доселиле во Германија“, се наведува во извештајот.. Од нив, 14,2 милиони или 17,3 отсто се луѓе кои се доселиле во Германија од друга земја по 1950 […]

Руската тајна служба не успеала да ги фати „украинските саботери“


  Федералната служба за безбедност на Русија извести за неутрализирање на „саботери“ во областа Брјанск, истакнувајќи дека „како резултат на преземените мерки, беше запрен налетот на украинските националисти во областа Климовски“. Од соопштението на ФСБ, произлегува дека диверзантско-извидувачката група (ДСГ) непречено ја напуштила Русија, а нема информации за приведување или уништување на нејзини членови. ФСБ […]

Руска лажна провокација или украински напад на руска територија?


Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, денеска ги нарече „класична намерна провокација“ тврдењата на руските власти дека украинска диверзантска група извршила инвазија на руска територија. Руските власти тврдат дека украински диверзанти ја преминале границата и во областа Брјанск во Русија зеле неколку лица како заложници. „Според прелиминарните информации, неколку лица се земени како заложници во […]

Шредер може да остане во СДП, одлучи Арбитражниот суд на партијата


Германија– Арбитражниот суд на германската Социјалдемократска партија (СДП) одлучи поранешниот канцелар Герхард Шредер да остане во партијата и покрај неговите „врски“ со Русија. Со тоа судот во второстепена постапка го одби барањето на дел од членовите на партијата, пишува весникот „Франфуртер Алгемајне Цајтунг“ (Frankfurter Allgemeine Zeitung). Веста прв ја објави германски „Шпигел“, повикувајќи се на […]

Блинкен и Лавров се сретнаа за првпат по руската инвазија


Во Њу Делхи, на маргините на состанокот на Г-20, се сретнаа рускиот и американскиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и Ентони Блинкен. Состанокот, пишува „Њујорк Тајмс“, бил непланиран и се случил откако руската влада ги обвини западните држави за „уцени и закани“. Блинкен, како што им кажа на новинарите висок американски функционер, му изнел […]

Одбиена нова молба на убиецот на Роберт Кенеди за пуштање од затвор


САД– Специјална комисија на американската сојузна држава Калифорнија вчера го одби новото барање за условно ослободување поднесено од Сирхан Сирхан, кој според пресудата, смртно го застрелал сенаторот Роберт Кенеди во 1968 година. Инаку, во август 2021 година, друга комисија даде зелено светло за негово ослободување, но во јануари следната година, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом […]

Русија умре – нема ни таква држава, ни таков народ


„Русија умре. Нема ни таква држава, ни таков народ“, пишува рускиот новинар Константин Егерт, а го пренесува бугарски „Дневник“. Според него, руското образовано општество беше поразено од режимот и Кремљ успеа да ги втурне Русите во политички сон. -Ништо не може да го разбуди општеството кое не сака да ја знае вистината. И ако дознае, […]

Вандализирана Малата сирена во Копенхаген, насликано руско знаме


  Малата сирена, симболот на Копенхаген, стана цел на вандализам во текот на ноќта, а непознати лица насликаа руско знаме на нејзината база. Данската полиција соопшти дека покренала истрага. Малата сирена, хероината на Ханс Кристијан Андерсен, се наоѓа на оддалечениот брег на пристаништето во Копенхаген и од 1913 година, кога е поставена, често е мета […]

Поради пожар половина Аргентина без струја, не работи ни нуклеарната електрана


  Повеќе од половина Аргентина остана без струја откако пожар ја зафати националната електрична мрежа. Главниот град Буенос Аирес, други поголеми градови и големи делови селски региони се во потполност или делумно погодени. Пожарот, наводно, избил на отворено поле, зафаќајќи ги клучните далноводи во крабрежното подрачје и прекинувајќи ја работата на нуклеарната електрана. Инаку, ова […]

Силни турбуленции на летот од САД за Германија, седуммина повредени


Седум патници се повредени откако летот на „Луфтханза“ над САД го погодија силни турбуленции, јавуваат американските медиуми. Авионот летал на релација Остин-Франкфурт, а турбуленциите почнале над американската сојузна држава Тенеси.Седуммина се повредени и се пренесени во болница. Авионот принудно слетал на аеродром во предградие на Вашингтон, во 21.12 часот по локално време, а од „Луфтханза“ […]

Како Европа ги одмерува геополитичките ризици за нејзиното снабдување со енергија


  Русија традиционално беше клучниот снабдувач на ЕУ со фосилни горива, со голема инфраструктура, како што се гасоводи и нафтоводи, што дополнително ја поврзуваше со енергија од истокот. Во 2021 година, рускиот извоз покриваше 40 отсто од гасот на ЕУ, 30 отсто од суровата нафта и 30 отсто од побарувачката на јаглен, според Еуростат. Сепак, соочен со реалноста […]

САД одобри продажба на оружје за Тајван во вредност од 619 милиони долари


САД одобрија потенцијална продажба на оружје за Тајван во вредност од 619 милиони долари, а во оваа сума се вклучени и ракети за борбени авиони Ф-16, во моменти кога Тајван секојдневно јавува за упад на кинеските воздухопловни сили во неговиот простор за воздушна одбрана. Продажбата на оружје веројатно дополнително ќе ги влоши и онака заладените […]

Како руските сили ја изгубија најголемата тенковска битка правејќи ги истите грешки


  КУРАХОВЕ, Украина – Пред да возат во битка со нивната воена машина распрскана со кал, тенк „Т-64“, тричлениот украински екипаж изведува ритуал. Командантот Дмитро Хребенок ја рецитира Господовата молитва. Потоа, мажите шетаат околу тенкот, тапкајќи го неговиот густ зелен оклоп. „Ние велиме: ‘Те молам, не изневерувај нѐво битка“, рече наредникот Артјом Книгницки, механичарот. „’Внеси […]

Мелони: Родовата идеологија ќе им наштети на жените


Родовата идеологија ќе им наштети на жените, изјави денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони. Во интервју за најновиот број на женското списание „Грација“, Мелони вели дека човек денес може сам да се програси за маж или жена, без да бара друг начин за одредување пол, било тоа да е хируршки, фармаколошки, па дури и административно. „Машкоста […]

Москва: Нема нуклеарен договор додека САД не ја сменат политиката кон Украина


Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека Москва нема намера да ја преиспита својата одлука за суспендирање на Договорот за нуклеарно оружје Нов СТАРТ со САД додека земјата не ја промени својата политика кон Украина. Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела објави дека Москва привремено го суспендира своето учество во договорот, обвинувајќи […]

Германија може многу да научи од Албанија и од Руанда


Германските министерства за надворешни работи и за развојна помош сакаат да ја поддржат позицијата на жената во иднина со феминистичка стратегија за надворешна политика, беше објавено денеска во Берлин. – Ние не повикуваме на револуција, тоа е нешто што се подразбира, рече министерката за надворешни работи Аналена Бербок (Зелените) додека ја претставуваше новата феминистичка стратегија […]