45 украински бранители на „Азовстал“ разменети за тројца руски пилоти


 

Украина и Русија често разменуваа воени заробеници во последниве месеци – бројот на војниците што се враќаа обично беше приближно ист на двете страни. Таквата размена сега повторно се случува, иако во многу нееднаков број.

 Министерството за одбрана во Москва известува дека тројца пилоти на руските воздухопловни сили биле ослободени во саботата „како резултат на тежок преговарачки процес“. Сега им е потребен медицински третман.

Во Киев се зборува за 45 војници кои за возврат биле ослободени од руско заробеништво. Станува збор за 42 мажи и 3 жени кои ја бранеа областа на фабриката „Азовстал“ во пристанишниот град Мариупол до пролетта минатата година, пишува на Телеграм шефот на претседателскиот кабинет на Украина, Андриј Јермак.