Во САД се истражува дали извршителот на нападот во Тексас имал идеолошки мотиви


Службеници на Федералните безбедносни служби истражуваат дали напаѓачот кој уби осум лица во трговски центар во Далас бил заинтересиран за идеологијата за надмоќ на белата раса додека се обидуваат да го утврдат мотивот за нападот, изјави службеник за спроведување на законот, предупредувајќи дека истрагата е во раните фази.

Федералните агенти ги прегледуваат сметките на социјалните мрежи за кои веруваат дека Маурицио Гарсија (33) ги користел и објавите кои изразуваат интерес за неонацистички и расистички ставови, рече анонимен функционерот, кој нема право јавно да разговара за деталите од истрагата.

Кога бил убиен од полицијата, Гарсија носел ознака на градите на која пишувало „RWDS“, акроним за фразата „Десничарски одред на смртта“, популарен меѓу десничарските екстремисти и групите кои веруваат во супериосноста на белата раса, рече претставникот.

Покрај прегледувањето на објавите на социјалните мрежи, федералните агенти интервјуирале членови на семејството и познаниците на Гарсија за да ги утврдат неговите идеолошки убедувања, додаде функционерот. Се разгледуваат и финансиски документи, онлајн публикации и други електронски медиуми.

Одделот за јавна безбедност во Тексас го идентификуваше Гарсија како осомничен за убиството на осум лица во трговски центар во Тексас. Триесет и тригодишникот беше смртно застрелан во саботата од полицаец кој случајно се нашол во близина на местото на нападот.

Службеник за спроведување на законот рече дека истражителите пребаруваат мотел во Далас во близина на меѓудржавна магистрала каде престојувал Гарсија. Според него, полицијата на местото на инцидентот пронашла голем број оружје, како и пушка АР-15 и пиштол.