Украина ја собори руската „несоборлива“ ракета „Кинжал“

Хиперсоничната ракета била соборена со системот за воздушна одбрана „Патриот“


Во нападот биле користени хиперсоничните ракети „Кинжал“

 

Украинската противвоздушна одбрана за прв пат собори руска хиперсонична ракета „Кинжал (Кама)“, која се смета за непресретлива. Ова го изјави командантот на воздухопловните сили на Украина, генералот Микола Олешчук.

„Честитки до украинскиот народ за овој историски настан! Да, го соборивме ‘незоборливиот Кинжал’!“, напиша тој на каналот на Телеграм.

Според Олешчук, проектилот бил испукан од авионот „МиГ-31К“ од руска територија за време на ноќниот напад на 4 мај. Таа беше соборена на небото над регионот на Киев на системот за воздушна одбрана „Патриот“. Овие системи во модификацијата ПАЦ-3 се способни да соборуваат балистички ракети.

Подоцна, вооружените сили на Украина официјално го потврдија уништувањето на ракетата Кх-47 Кинжал од системот „Патриот“. Освен тоа, уништени се и осум дронови „Шахед“, соопштија Вооружените сили на Украина.

„Кинжал“ е најсовремената ракета во руските воени сили промовирана во 2018 година. Има дострел од 2.000 километри и лета десетпеати побрзо од звукот и поради тоа е исклучително тешко да се пресретне.

Беспилотните летала камикази биле лансирани ноќта на 6 мај од јужниот правец – источниот брег на Азовското Море. Сите „шахеди“ ги уништија силите на воздушната команда „Восток“.

Руското Министерство за одбрана сѐ уште не ја коментира оваа информација. Во август минатата година, министерот за одбрана Сергеј Шојгу, во интервју за ТВ каналот Русија 1, рече дека руските вооружени сили трипати користеле хиперсонична ракета Кинжал во борбените операции во Украина. „И таа го покажа својот брилијантен настап три пати“, рече Шојгу (цитиран од ТАСС). Според него, никој друг нема таков проектил: „и хиперсоничен, и со таква брзина, со такви продорни способности“. „Кинжал“ не може „ниту да се открие, ниту да се пресретне“, увери Шојгу.

Последната модификација на противвоздушната одбрана „Патриот“ може да собори хиперсонични ракети „Кинжал“ и „Циркон“, објасни за Би-Би-Си украинскиот резервен генерал Игор Романенко. Но, системот „Патриот“ првенствено е дизајниран да пресретнува балистички ракети, изјави координаторот за стратешки комуникации на Белата куќа Џон Кирби.