Во Индонезија 14 загинати во пожар во складиште за гориво


Најмалку 14 лица загинаа, а неколку десетици се повредени откако денеска изби пожар во државно складиште за гориво во Џакарта, што пожарникарите успеаја да го стават под контрола, соопшти индонезиската војска. Отворена е истрага за причините за пожарот, кој избувна по 20 часот по локално време во објектите на националната нафтена компанија Пертамина, изјави началникот […]

Европската комисија ги промени правилата за дозволеното количество арсен во храната


Европската комисија денеска усвои нови правила кои пропишуваат помали дозволени количини арсен во прехранбените производи, што е чекор во спроведувањето на европскиот план за борба против ракот со ограничување или елиминирање на канцерогените хемикалии во храната. -Денеска преземаме дополнителни мерки за натамошно намалување на ризикот од изложеност на канцерогени загадувачи од нашиот синџир на исхрана. […]

СЗО ги повика САД да споделат податоци за потеклото на коронавирусот


Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика сите земји да ги споделат своите информации за потеклото на коронавирусот, откако американските власти оценија дека инцидент во лабораторија што ја предизвика пандемијата. Последните денови потеклото на пандемијата на коронавирусот повторно го привлече вниманието на светот. – Ако некоја земја има информации за потеклото на пандемијата, од суштинско […]

Дури 79 полицајци земени како заложници во Колумбија


За време на протестите во јужната колумбиска провинција Какета, еден полицаец загина, а 79 беа земени како заложници, јавува Би-би-си. Насилството на протестот избувна вчера кога жителите блокираа неколку згради во сопственост на нафтената компанија „Емералд енерџи“. Тие побараа поправка на постојните патишта и изградба на нови. Заедно со полицаецот на протестот загина и еден […]

Белгијката која ги уби своите пет деца е евтаназирана


Белгијката која ги уби своите пет деца е евтаназирана на нејзино барање, 16 години по убиствата, јави денеска Би-Би-Си. Женевиев Лермит (56) на 28 февруари 2007 година ги уби синот и четирите ќерки на возраст од три до 14 години, додека таткото не бил во близина. Потоа се обидела да се самоубие, но не успеала […]

САД обезбедуваат 400 милиони долари дополнителна воена помош за Украина


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја одобри 33. транша воена помош за Укриана во висина од 400 милиони долари, во време кога „војната на агресија на Русија против Украина продолжува а цената станува повисока“.  -Повторно се потсетуваме на безграничната храброст и цврстата решителност на народот на Украина, и силната подршка кај меѓународната заедница, рече […]

Олег Дерипаска: На Путин му снемува пари


Еден од најбогатите руски бизнисмени предупредува дека финансиските неволји во кои се најде Русија би можело да кулминираат во 2024 година. „Нема да има пари следната година“, изјави олигархот Олег Дерипаска вчера на Економскиот форум Краснојарск во Сибир, пренесоа руските медиуми. „Ќе ни требаат странски инвеститори“, додаде тој. Forbes го наведе 55-годишниот алуминиумски тајкун и […]

Во Шпанија уапсени десет лица поради ограбување украински бегалци


   Шпанската полиција денеска соопшти дека уапсила десет лица поради ограбување украински бегалци во регионите Валенсија и Мурсија, јавува Анадолија. Седум од уапсените се Украинци, а тројца се Руси од исто семејство поради помагање во грабежите“, се вели во соопштението. Полицијата навела дека цел на криминалната група биле украински бегалци кои вообичаено со себе ги […]

Ева Каили од ЕП останува во затвор уште два месеца


Белгија– Европратеничката Ева Каили, до неодамна потпретседателка на Европскиот парламент, останува во затвор уште најмалку два месеца, одлучи денеска судот во Брисел. Претходно оваа недела, нејзината одбрана побара Каили да биде ослободена со нараквица за следење, објавија локалните медиуми. Претходно денеска судот одлучи да го остави во затвор и европратеникот Марк Тарабела. Каили беше приведена […]

Вонредна состојба во Вануату поради земјотрес и циклон


Вануату денеска прогласи вонредна состојба поради нов циклон и земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала што ја погодија таа островската држава во Тихиот Океан со околу 320.000 луѓе. Земјотресот се случил на десет километри под морето, во близина на големиот остров Еспириту Санто, покажуваат податоците на Американскиот институт за геофизикa. По тој […]

ЕУ итно ќе купи муниција за една милијарда евра за Украина


  Европските земји воспоставуваат брзи испораки на многу потребна муниција за Украина. Според официјални претставници на ЕУ, 27 земји – сите членки на Унијата со исклучок на Данска, како и Норвешка – се договориле за заеднички набавки и инвестиции во проширување на производството. „Мислам дека тоа ќе биде направено брзо, многу брзо“, изјави европски функционер […]

Молдавците го избришаа „молдавскиот јазик“


Вчера Парламентот на Молдавија изгласа според тамошните оценки историска одлука во целото законодавство на Молдавија империјалистичкиот остаток од советската ера –  „молдавскиот“ јазик – да биде заменет со „романски“ јазик. -Доцниме повеќе од 30 години во слободувањето од оваа руска лага, беше еден од коментарите објавени на Твитер од локален политичар.  Според одлуката фразите „молдавски […]

Руски политичар оди на суд затоа што го гледал говорот на Путин со шпагети на ушите


  На руски политичар ќе му се суди затоа што го гледал говорот на претседателот Владимир Путин со шпагети на ушите. Михаил Абдалкин ќе се појави на суд следната недела за да се соочи со обвиненијата дека ги дискредитирал руските вооружени сили со објавување видео на кое се гледа како става шпагети преку ушите. Абдалкин […]

Белорусија: Нобеловецот Алес Бјалијацки осуден на 10 години затвор


  Суд во Белорусија го осуди добитникот на Нобеловата награда за мир Алес Бјалијацки на 10 години затвор. Тој беше осуден за шверц и финансирање „дејства кои грубо го нарушуваат јавниот ред“, соопшти групата за човекови права „Вијасна“. Поддржувачите на 60-годишниот Бјалијацки велат дека авторитарниот режим на белорускиот лидер Александар Лукашенко се обидува да го […]

Пресметано зло: Како силите на Путин користат тортура за да го избришат украинскиот идентитет


Новата истрага за окупацијата на Керсон откри злобна шема на руската бруталност. Русија имала најмалку 20 комори за мачење на десниот брег на регионот Керсон во текот на осумте месеци окупација. Дури  54 дена Русите го држеле затворен Роман Баклажов, бизнисмен и волонтер за испорака на храна од јужниот украински град Керсон. Во обидот да […]

Во САД повторно предложен законот за укинување на сезонско сметање на времето


САД – Група од 12 американски сенатори повторно предложи закон со кој летното сметање на времето во САД ќе остане трајно. Британските медиуми пренесуваат дека во март 2022 година, Сенатот едногласно изгласа во САД да заврши менувањето на часовникот двапати годишно. Меѓутоа, законот не успеа да помине на гласањето во Претставничкиот дом бидејќи конгресмените не […]

Качински: Нема преговори додека 20 отсто од Украина е под руска окупација


  Лидерот на полската владејачка конзервативна партија Право и Правда, Јарослав Качински, предупреди дека не може да има мировни преговори се додека Русија окупира 20 отсто од територијата на Украина и дека поставувањето какви било услови за Украина значи само помагање на Русија. „Русија окупира 20 отсто од територијата на Украина и Украинците не можат […]

Рајдер: САД не обезбедуваат опрема и разузнавање за Украина да напаѓа на територијата на Русија 


  Војската на САД не обезбедува ресурси за Украина да изведува напади надвор од нејзината територија, изјави синоќа портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Пат Рајдер.  -Можам да кажам дефинитивно дека идејата ние да обезбедуваме резузнавање или инфомации на Украинците за тие да таргетираат локации внатре во Русија е бесмислица, изјави тој откако беше прашан за […]

Русите го урнале клучниот мост во Бахмут


Руските сили во текот на ноќта го кренаа во воздух клучниот мост кој гого поврзува опколениот град Бахмут на истокот на Украина со блиското село Хромово, соопшти украинската полиција. Во полицијата во градот Константинивка за Си-Ен изразија надеж дека мостот ќе се санира во наредните денови, затоа што е витална артерија за извлекување на цивили […]

Украина нареди делумна евакуација на жителите на Купјанск, во регионот на Харков


Украина вчера им нареди евакуација на ранливите категории жители на градот Купјанск, на североисточното воиште, каде има напредување на руските сили, соопшти воената администрација. „Во општина Купјанск почна задолжителна евакуација на семејствата со деца и жителите со намалена подвижност поради континуираното бомбардирање на територијата од руските сили“, соопшти воената управа на регионот Харков. Гувернерот на […]