Русија изврши масовни напади низ цела Украина

Најголемиот дел од нападите беа со дронови од иранско производство. Украина тврди дека ги соборила сите над Киев, но во Одеса предизвикаа штети


Пожарникари го гаснат огнот по руските напади во Одеса

 

Русија изврши голем бран напади врз Киев и низ Украина, предизвикувајќи широко распространето уништување и ранувања, додека Москва се подготвува за својот празник Денот на победата што ја одбележува годишнината од поразот на нацистичка Германија.

Најмалку пет лица се повредени во нападите врз Киев, соопштија украинските власти, додека руски проектили предизвикаа огромен пожар во складиште за храна во црноморскиот град Одеса. Во Одеса загина најмалку едно лице. Експлозии беа пријавени во неколку други украински региони во понеделникот рано наутро.

Новите напади доаѓаат додека Москва се подготвува за својата парада на Денот на победата во вторник, клучна годишнина за претседателот Владимир Путин, кој го евоцира поразот на нацистичките сили во неговата реторика околу инвазијата на Украина.

Пет лица се повредени во понеделникот во Киев, откако противвоздушната одбрана одбила напади со руски беспилотни летала во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

„Во текот на ноќта, на 8 мај 2023 година, непријателот ја нападна Киевската област со беспилотни летала ‘Шахед-136/131’ од Иран. Тие употребија 35 нападни дронови, испраќајќи ги од северниот правец – аеродромот Сешча (Област Бријанск)“, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили. Сите 35 ‘Шахед-136/131’ беа уништени од воздушниот команден „центар“ на воздухопловните сили, во соработка со украинските одбранбени сили.

Серхи Попко, шеф на градската воена управа во Киев, во соопштение рече дека паѓањето на остатоци од пресретнати дронови оштетило станбени згради и автомобили во областа Свјатошински во главниот град.

Воздухопловните сили ги предупредија жителите дека „дури и 100% стапка на пресретнување на воздушни цели не гарантира безбедност во областите каде што дејствува ПВО! Фрагменти од противвоздушни ракети и оштетени дронови секогаш се враќаат на земјата!“

Во исто време, украински полковник тврди дека околу 100.000 руски војници загинале во битката за заземање на Бахмут во источна Украина. Полковникот Серхи Черевати, кој е портпарол на Источната група на вооружените сили на Украина, рече дека тоа се „груби пресметки“ во интервју за украинската телевизија.

Тој рече: „Сигурен сум дека понатамошната проверка само ќе покаже зголемување на овој број. Ова е природно бидејќи непријателот ги користи таканаречените напади со жива сила кога масовно се гине како главен метод за водење војна“.

Но овие податоци тешко може да се проверат. Самата бројка делува исклучително високо.

Черевати рече дека Русија извршила околу 415 артилериски напади во последните 24 часа. Тој додаде дека во неделата биле убиени 64 руски војници.

Черевати, исто така, рече дека се чини дека Русија има муниција, и покрај спротивното тврдења од страна на шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

„Ваквите изјави на водачот на групата ‘Вагнер’ најверојатно се поврзани со фактот дека тој даде премногу ветувања за заземањетона Бахмут и ги измислува овие глупости за недостиг на муниција, бидејќи, освен загубите на работна сила, тој нема други ‘победи’“, рече Червати.

И соборфените дронови предизвикуваат штета, како во Киев

Рускиот олигарх Андреј Ковалев ја критикуваше инвазијата на Москва на Украина и нејзините последици за Русија.

Во видеото споделено од Ковалев на неговиот канал на Телеграм во понеделникот, бизнисменот прво рече дека бил сигурен дека руските трупи ќе ја пробијатодбраната на Украина и брзо ќе го заземат Киев, во рок од две или три недели. Тој изрази изненадување што тоа не се случило.

Ковалев ги посочи големите загуби на Русија по инвазијата на Украина – вклучително и повлекувањето на руските војници од позициите до кои стигнаа на почетокот на војната, понижувачкото потонување на рускиот воен брод „Москва“ минатиот април, експлозијата на мостот што го поврзува анектираниот Крим со руското копно и неодамнешниот наводен напад со беспилотно летало врз Кремљ.

„Ова не е специјална воена операција, ова е ужасна војна“, рече Ковалев за време на директен пренос за Серуското движење на претприемачи.

„Целиот свет е против нас. Сто дваесет и две земји гласаа да нѐ признаат како агресор“, додаде тој, мислејќи на резолуцијата усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации минатиот месец. Резолуцијата, која војната против Украина ја оквалификува како „агресија на Руската Федерација“, доби 122 гласа, вклучително и од Кина и Индија – две земји кои избегнаа да ја осудат целосната инвазија на Москва.

Андреј Ковалев е руски бизнисмен со недвижнини, јавна личност и претседател на Серуското движење на претприемачи. Според неговата биографија на веб-страницата на движењето, тој претходно бил на владини функции и бил пратеник во Московската градска дума. Во 2012 година, Ковалев беше вклучен во „Списокот на кралевите на руските недвижности“ од „Форбс Русија“ со приход од 55 милиони долари. (Според агенциите)