Киев: Кремљ ја зеде Белорусија за нуклеарен заложник


Русија ја зеде Белорусија за „нуклеарен заложник“, оцени денеска Киев, откако рускиот претседател Владимир Путин најави распоредување нуклеарно оружје на белоруска територија. „Кремљ ја зеде Белорусија за нуклеарен заложник“, објави на Твитер секретарот на Украинскиот Совет за безбедност Алексеј Данилов. Тој додаде дека оваа одлука е „чекор кон меѓународна дестабилизација на земјата“. Путин се закани […]

Трамп на првиот предизборен митинг: Јас сум најневиниот човек во историјата на САД


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера во Тексас им порача на илјадници приврзаници дека против него се водат една по друга лажни истраги и дека е прогонуван со сталинистички методи. „Од почетокот тоа беше лов на вештерки и лажна истрага една по друга, нешто директно од ужасите на сталинистичка Русија“, рече тој. Трамп во моментов […]

Договорот со Вагнер истече за повеќе од 5.000 затвореници, руските власти ги помилуваа


Русија – Основачот на руската паравоена формација Вагнер објави информација дека на повеќе од 5.000 затвореници кои биле членови на оваа организација им истекол договорот и дека веќе добиле помилување од државата. Меѓу другото, Пригожин рече дека регрутирањето затвореници од руските затвори во Вагнер го намалува криминалот за 10 до 20 пати. „Во овој момент, договорот […]

Најмалку 23 загинати во торнадo и силна бура во Мисисипи


САД– Најмалку 23 лица загинаа, а неколку десетици се повредени во торнадото и силната бура со грмотевици што синоќа зафати дел од американската сојузна држава Мисисипи, соопшти државната агенција за вонредни состојби и извести дека торнадото предизвикало материјална штета во област подолга од 160 км. Четири лица се водат како исчезнати, а тимовите за пребарување […]

Русија ја обвини Словачка поради испраќањето советски борбени авиони МиГ-29 во Украина


Русија – Руската Федерација ја обвини Словачка дека го прекршила договорот со испраќањето борбени авиони МиГ-29 од советско производство во Украина. Според договорот потпишан во 1997 година, на Словачка не и беше дозволено да испраќа авиони во друга земја без согласност на Русија, соопшти федералната служба за воено-техничка соработка во Москва. Руските власти соопштија дека […]

Трамп во Тексас денеска ќе го одржи својот прв предизборен митинг


САД– Доналд Трамп денеска, во Вако, Тексас, ќе го одржи својот прв предизборен митинг за претседателската функција. Критичарите велат дека локацијата била избрана за да ја зајакне неговата претседателска кампања во услови кога се соочува со голем број кривични пријави, објави Радио Слободна Европа. Поранешниот американски претседател го нарече овој митинг свој прв голем настан […]

Телефонски разговор Ердоган-Путин


Турција – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска телефонски разговараше со својот руски колега Владимир Путин. Како што пренесува Анадолија, за време на разговорот, Ердоган му се заблагодарил на Путин за неговиот позитивен став во однос на продолжувањето на Црноморската иницијатива за жито. Во соопштението од претседателскиот кабинет се посочува дека двајцата лидери разговарале и за […]

Билд: Најоптоварени со баратели на азил се Грција, Кипар, Германија и Австрија


Германија– Грција, Кипар, Германија и Австрија прифаќаат несразмерно голем број баратели на азил во однос на нивната популација, покажуваат податоците од доверлив документ, објавен од весникот Билд. Грција засолни 6,81 отсто од мигрантите во однос на нејзината популација, додека според „фер распределбата“ во рамките на Европската Унија, има право на 1,9 отсто. Кипар прифаќа 1,36 […]

Двајца загинати, деветмина исчезнати во експлозија во фабрика за чоколади во САД


САД– Две лица загинаа, а девет се водат за исчезнати во експлозијата што се случи синоќа во фабрика за чоколади во американската сојузна држава Пенсилванија. Началникот на полицијата на округот Вејн Холбејн потврди дека има двајца загинати, деветмина исчезнати и неколку повредени во експлозијата во фабриката Р.М. Палмер во истоимениот кварт. Експлозијата се случила вчера […]

Гутереш: Опстанокот на човештвото зависи од управувањето со водните ресурси


САД – Опстанокот на човештвото зависи од тоа како луѓето управуваат со водата, изјави синоќа генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на крајот од тридневната конференција за светските водни ресурси. – Сите надежи на човештвото за иднината некако зависат од трасирање на нов пат кон одржливо управување и зачувување на водите, рече Гутереш во својот […]

Борел: Партнерството меѓу Русија и Кина има ограничувања


Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Жозеп Борел изјави дека руско-кинеското партнерство има граници и дека Европа треба да ги поздрави сите обиди на Пекинг да се дистанцира од Москва. Борел посочи дека Кина, иако има воспоставено блиски дипломатски и економски врски, не формирала воен сојуз, ниту испорачувала оружје на Русија. […]

САД: Зголемен бројот на жртви од контаминирани капки за очи


Бројот на смртни случаи поради употреба на контаминирани капки за очи во САД се зголеми од едно на три лица, покажуваат новите информации на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), јави Еј-Би-Си Њуз. Најмалку осум лица ослепеа, а на четворица мораше хируршки да им се отстранат очните јаболка. ЦДЦ известува дека капките […]

Бајден најави договор со Канада за борба против илегалната имиграција


 Американскиот претседател Џо Бајден денеска соопшти дека склучил договор со Канада за борба против илегалната миграција. Во говорот пред канадскиот парламент, Бајден ја поздрави посветеноста на северниот сосед на САД да прифати 15 илјади мигранти од американскиот континент. Американскиот претседател Џо Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо постигнаа договор со цел да ги спречат барателите […]

Нордиските земји создаваат обединета воздушна одбрана против заканата од Русија


Данска – Командантите на воздухопловните сили на Шведска, Норвешка, Финска и Данска денеска соопштија дека потпишале писмо со намери за создавање обединета нордиска противвоздушна одбрана со цел да се спротивстават, на како што наведоа, „растечката закана од Русија“. Британските медиуми најавуваат дека намерата на нордиската противвоздушна одбрана е да се дејствува врз основа на веќе познатите […]

Европа поделена во однос на летното сметање на времето


 Основната идеја зад воведувањето на летното сметање на времето, кое почнува за два дена оваа година, в недела на 26 март, е да се заштеди енергија, но во пракса, таа идеја не ги исполни целосно очекувањата, па во Европа се зголемува дебатата за тоа дали сепак треба да се прилагодуваат часовниците двапати годишно. Истражувањето на […]

САД и ЕУ одржаа воено-поморски вежби за безбедност во индо-тихоокеанскиот регион


САД – САД и ЕУ вчера и денеска одржаа заеднички воено-поморски вежби а според одлуката донесена на ЕУ-САД консултациите на високо ниво за индо-тихоокеански регион од 2 декември, 2022 година, соопштија од Стејт департментот.  -Вежбите формираат дел од споделените заложби на ЕУ и Соединетите Држави да работат во правец на практична морска соработка и подршка за […]

Европа поделена во однос на летното сметање на времето


Англија – Основната идеја зад воведувањето на летното сметање на времето, кое почнува за два дена оваа година, в недела на 26 март, е да се заштеди енергија, но во пракса, таа идеја не ги исполни целосно очекувањата, па во Европа се зголемува дебатата за тоа дали сепак треба да се прилагодуваат часовниците двапати годишно. […]

Во пожар во Шпанија изгоре област со големина од 4.000 фудбалски игралишта


Првиот голем пожар во Шпанија годинава опустоши повеќе од 3.000 хектари на истокот на земјата и принуди евакуација на речиси 1.500 луѓе, објави денеска државната телевизија РТВЕ. Пожарот ја зафатил граничната област меѓу Арагон и Валенсија. Вчера и денеска се евакуирани луѓе, јавува телевизијата, која се повикува на официјални извештаи. Spain: There is a new […]

Голем пожар во Хонг Конг, евакуирани 3.400 лица


Пожарникарите во Хонг Конг се уште се борат со пожарот што избувна во магацин, и поради кој се евакуирани 3.400 луѓе, соопшти денеска полицијата. Противпожарните екипи се на местото на пожарот и ги евакуираа околните згради, вклучително и училиштата, а засега нема информации за жртви. На две лица кои работеле во близина на локацијата каде […]

Осудениот херој од филмот „Хотел Руанда“ ќе биде пуштен на слобода


Пол Русабагина, херојот од  холивудскиот филм „Хотел Руанда“, кој отслужува 25-годишна затворска казна во Руанда под обвинение за тероризам, во сабота ќе биде ослободен, јави денеска владин извор, пренесува Хина. Русебагина во септември 2021 година беше осуден на драконската казна заради негови наводни врски со организација која се спротивставува на владеењето на претседателот Пол Кагаме. Тој […]