Принцезата Елизабета фон Бизмарк почина на 84 години


Принцезата Елизабета фон Бизмарк, сопруга на германскиот принц Фердинанд фон Бизмарк, почина во неделата навечер на 84-годишна возраст, соопшти семејството вчера.

Родена како грофица Елизабета Липенс, таа потекнува од Белгија, а во 1960 година се омажила за принцот Фердинанд (1930 – 2019). Тој пак, е правнук на принцот Ото фон Бизмарк, „железниот канцелар“ на Германија од 1871 до 1890 година. Грофицата и грофот имаат четири деца – Карл-Едуард, Готфрид, Грегор и Ванеса.

Големата љубов на принцезата Елизабета беше „Градината на пеперутките“ на историскиот имот на Бизмарк во Фридрихсрух во северна Германија. Елизабета фон Бизмарк со десетлетија се грижеше за тропскиот конзерваториум составен од околу 800 пеперутки од 40 различни видови.