Премиерката на Франција тврди дека нападот на Сириецот со нож врз мали деца не е терористички


Француските власти предводени од премиерката Елизабет Борн одржаа прес-конференција во Анеси, град на француските Алпи каде денеска Сириец вооружен со нож рани три деца и двајца возрасни на детско игралиште.

Борн рече дека целата заедница Анеси била потресена од нападот. Таа додаде дека цела Франција цврсто стои со жртвите на нападот, а потоа зборот му го предала на обвинителот кој ја води истрагата. Обвинителот рече дека напаѓачот е уапсен и дека „нема терористички мотиви за нападот“. Таа додаде дека е покрената кривична истрага.

Таа рече дека се повредени четири деца и двајца возрасни, а дел од повредените се на интензивна нега. Само една од жртвите е полесно повредена, додека ранетите деца се „во тешка состојба“.

Кога полицијата пристигнала на местото на нападот, осомничениот со себе имал нож. Внатрешната контрола ќе утврдува дали полицајците оправдано користеле огнено оружје, рече обвинителот. Мотивот на напаѓачот се уште не е познат, рече таа.

Збор повторно зеде премиерката Елизабет Борн, која презентираше повеќе детали за напаѓачот. Таа потврди дека тој е сириски државјанин кој имал статус на бегалец во Шведска. Тој исто така поднел барање за азил во Франција, но му било одбиено поради претходно шведско барање старо 10 години.

Борн додаде дека напаѓачот немал криминално досие и не бил лекуван од психички проблеми. Премиерката тврди дека напаѓачот е татко на едно дете, кое е „старо колку децата што ги нападнал“.

Премиерката нагласи дека малите деца се „сериозно повредени“ и додаде: „Сите сме неописливо шокирани од ова“. Таа потоа му се вратила на напаѓачот и на неговиот статус на бегалец во Шведска. Наведе дека статусот му бил доделен пред 10 години и сега се проверува.

Пресот го заврши велејќи дека се солидаризира со жртвите од нападот и нивните семејства. „Уште еднаш сакам да истакнам колку сме шокирани.“