Вардар ја победи Шкендија Арачиново и се искачи на третото место во ПМФЛ


Шампионот Вардар вечерва на домашен терен ја совлада Шкендија Арачиново со 2:0 во третиот натпревар од 8. коло на Првата македонска фудбалска лига. Головите паднаа во второто полувреме. Најпрво Бобан Николов го отвори резултатот во 46. минута, Горан Закариќ во 69. го дуплира водството. На натпреварите играни вчера: Шкендија – Башкими 4:1 Силекс – Тиквеш […]

Брајтон го „преслуша“ шампионот Арсенал, убедлива победа од 3:0


Англискиот фудбалски шампион Арсенал попладнево претрпе убедлив пораз на гостувањето кај Брајтон во петтото коло од Премиер лигата, со 3:0. Паскал Грос (31. минута), Харалампос Костулас (45.) и Чема Андрес (57.) ги постигнаа головите за домашниот тим. „Топчиите“ го претрпеа првиот пораз во сезоната и загуби во Премиер лигата за прв пат од 19 април, […]

Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија


Македонскиот кајак спуст забележа голем успех на вчерашниот натпревар во Европскиот куп кој се одржа на реката Молл во Обервилах, Австрија. Македонскиот репрезентативец, 17-годишниот Благој Гугинов во јуниорска конкуренција го освои првото место триумфирајќи во силна конкуренција од 25 натпреварувачи од девет европски земји. Како што потенцира неговиот тренер и клупски колега од клубот Арка-Борец […]

Почина Сандро Мацола (83), еден од најголемите италијански фудбалери на сите времиња


Сандро Мацола, легенда на Интер и еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња, почина во Милано на 84-годишна возраст. Играше за клубот од Милано 17 години, од 1960 до 1977 година, а неговата смрт ја потврди Интер. Со „нероаѕурите“, тој беше шампион на Италија четири пати и двапати го освои Европскиот куп и Интерконтиненталниот […]

Кристијано Роналдо продолжува да игра за Португалија


Кристијано Роналдо (41) ја продолжува својата меѓународна кариера. Новиот португалски селектор, Жорже Жесус, го вклучи во својот прв список на играчи за четири натпревари од Лигата на нации, со што се стави крај на неизвесноста околу иднината на Роналдо во националниот тим по Светското првенство во 2026 година. Португалија ќе игра против Велс во Лисабон […]

Почина легендата на Работнички, Томче Филиповски


Поранешниот легендарен фудбалер на скопски Работнички и прв човек на југословенскиот фудбал на крајот од 80-те години од минатиот век, Томче Филиповски, почина на 84-годишна возраст, Со неговото име се врзани бројни успеси на клубот од Дебар Маало за кој Филиповски настапуваше 18 години во кои одигра 633 натпревари и постигна 225 голови. Во сезоната […]

Новиот француски селектор Зидан со строги правила го почнува мандатот


Новиот селектор на француската репрезентација Зинедин Зидан, кој го наследи Дидие Дешамп воведува нови правила на работа во и со репрезентацијата со медиумите. Тој денеска ќе го објави првиот список на „триколорите“ под негово водство. Првата промена се однесува на тоа што при објавувањето на списокот нема да биде дозволен влез на камери, туку преносот […]

Милев стави крај на кариерата: Имам достојна замена во младите одбојкари


Долгогодишниот македонски репрезентативец Владо Милев стави крај на одбојкарската кариера во која последен пат настапи во националниот дрес во вчерашната победа над Израел од 3-0 на Европското првенство во Софија. „Премногу ѝ дадов и јас на одбојката, но и таа мене. Чувствувам дека е време за крај и телото ми го кажува тоа. Среќен сум […]

Англија бара Инфантино да ја објави документацијата за спорниот проект


Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да ја објави целата документација поврзана со планот за продажба на акции во комерцијалните права на Светското првенство, побара денеска првиот човек на Фудбалската федерација на Англија, Деби Хјуит. Таа, како што објавија денеска британските медиуми, побара документацијата да биде достапна пред следниот состанок на Советот на ФИФА, закажан за […]

Порази на македонските репрезентации на второто ден од шаховската Олимпијада


 Второто коло на шаховската Олимпијада во узбекистанскиот град Самарканд донесе денеска порази на македонските репрезентации во машка и женска конкуренција. Македонските шахисти, по стартната победа над Кајманските острови од 4-0, попладнево претрпеа пораз од Холандија со 2.5-1.5. Никола Николовски на четвртата табла освои цел поен, Филип Панчевски ремизираше на третата табла, додека Емил Ристески на […]

Надал ќе се натпреварува во егзибициски натпревари за прв пат откако се пензионираше


Дваесет и двократниот шампион на Грен слем, Рафаел Надал, ќе се натпреварува во егзибициски натпревари за прв пат откако се повлече од професионалниот тенис. Ова го објави прес-службата на „Академија Надал“. Четириесетгодишниот тенисер ќе се натпреварува на седум егзибициски натпревари. Неговите противници ќе бидат добро познати спортисти, чии имиња ќе бидат објавени подоцна. Егзибицискиот турнир […]

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС


Интер Мајами го победи Круз Азул со 2:0 во натпреварот од Купот Кампеонес. Натпреварот се одигра ноќеска во Мајами, САД. Во 24. минута, капитенот на американскиот тим Лионел Меси го постигна својот 100-ти гол за „Хероните“ и го отвори резултатот. Кон крајот на второто полувреме, тој му асистираше на играчот од средниот ред Касемиро. Ова […]

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“


 Со затворањето на листата на учесници, дефинирани се сите елементи за почеток на уште еден голем џудо настан во Скопје, Европскиот куп во џудо за сениори – Скопје 2026, што ќе се одржи на 19 и 20 септември. Како што информираат од Џудо федерацијата на Македонија, потврдено е учеството на 439 џудисти од 42 држави […]

Лига на шампиони; Ракометарите на Вардар 1961 во драматичен натпревар поразени од Нант


Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа вториот пораз во Лигата на шампиони, откако вечерва загубија на домашен терен од Нант со 33-32 во рамки на 2. Коло во групата Б. Ракометната Лига на шампиони по двегодишна пауза се врати во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје и донесе драматичен натпревар во кој победникот беше одлучен во […]

Меси на 6. октомври за последен пат во аргентинскиот дрес


Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, ќе го одигра својот последен натпревар за аргентинската репрезентација на 6 октомври на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес против Бенин, објави денеска Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА). Триесетидеветгодишниот Меси објави пред две недели дека се повлекува од настапите за репрезентацијата бидејќи „нема што повеќе да придонесе“. Претседателот […]

Македонските одбојкари со победа над Израел го завршија настапот на Европското првенство


Македонската одбојкарска репрезентација со победа го заврши настапот на Европското првенство, совладувајќи го попладнево Израел со максимални 3-0 во сетови во рамки на 5. коло во групата Б во Софија. Со триумфот извојуван во доминантен стил во сите елементи на одбојкарската игра, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски завршија петтопласирани во групата Б и ги избегнаа […]

Пораз за македонските одбојкари од Португалија на ЕП


Македонската одбојкарска репрезентација го доживеа и четвртиот пораз на Европското првенство откако попладнево во рамки на Б групата загуби од Португалија со 3:0 во сетови (25:13; 25:20 и 25:20). Со овој пораз македонскиот тим нема повеќе шанси за пласман во следната фаза од натпреварите. Првиот сет македонските одбојкари го одиграа под очекувањата. По 6:6, Португалија […]

Белград ќе биде домаќин на финалето на Лига Европа во 2029 година


Главните градови на Романија – Букурешт (2028) и на Србија – Белград (2029) ќе бидат домаќини на финалните натпревари на УЕФА Лига Европа по одлуката донесена на Извршниот комитет на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Солун, Грција. Претходно во денот беше објавено дека финалето во Лигата на шампионите ќе се игра во Минхен 2028 и […]

Бомба од С. Арабија: Роналдо го купува Ал Наср


Конзорциум од инвеститори, меѓу кои Кристијано Роналдо и Гери Кардинале, сопственик на Милан, подготвува понуда за купување на саудискиот клуб Ал Наср од Фондот за јавни инвестиции (PIF) на земјата. Покрај Роналдо и Кардинале, кој ја предводи компанијата RedBird Capital Partners, групата ги вклучува и претприемачите Ибрахим Ал-Мухаидиб, Мохамед Ал-Кураиџи и Шараф Ал-Харири. Веста првпат […]

Сабаленка казнета со 7.500 долари за нејзиното однесување во финалето на УС Опен


Белоруската тенисерка Арина Сабаленка доби казна од 7.500 долари за нејзиното однесување во финалето на Отвореното првенство на САД. Во решавачкиот натпревар на турнирот, 28-годишната Белорусинка загуби од Елена Рибакина од Казахстан со резултат 4:6, 7:5, 2:6. На почетокот на натпреварот, Сабаленка ја удри топката кон трибините. Потоа, уште еден удар речиси го погоди снимателот […]