Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март


Формула 1 ја разви финалната верзија на календарот за сезоната 2027. Календарот официјално ќе биде објавен во среда, 16 септември, по формалното одобрување на состанокот на Светскиот совет на Светската автомобилистичка федерација (ФИА). Сезоната 2027 е закажана да започне на 14 март со трката за Големата награда на Бахреин, по што следи Големата награда на […]

Реал Мадрид веќе го има наследникот на Куртоа


Реал Мадрид веќе го има наследникот на голманската позиција за Тибо Куртоа. Според пишувањата на шпанските медиуми прв избор за наследник на Куртоа, голманот на Порто Диого Коста, еден од најдобриот голмани во Европа. Куртоа прифати да го продолжи договорот со клубот до летото 2028 година, а управата на клубот сака да најде решение за […]

Врвни пинг-понг имиња од Кина беа гости во Скопје


Македонскиот олимписки комитет, заедно со Амбасадата на Република Кина во нашата држава, Шангајскиот универзитет за спорт, Кинескиот колеџ за пинг-понг и неговиот европски огранок, како и Пинг-понг федерацијата, беа дел од посебен настан со две големи имиња од светот на пинг-понгот – легендарната олимписка шампионка Џанг Јининг и светскиот првак Јан Сен, потпретседател на Кинескиот […]

Легендарниот Бојан Крижај се ожени на 70 години по повеќе од две децении врска


Поранешната југословенска и словенечка скијачка ѕвезда Бојан Крижај (69) се венча минатата сабота во Љубљанскиот замок. По повеќе од две децении врска, 69-годишниот Крижај се ожени со својата долгогодишна партнерка Шпела Жле. Церемонијата ја водеше градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ, а свадбата беше доста необична – два пријателски пара се венчаа во исто време. Двата […]

Зверев го освои вториот гренд слем годинава. Во финалото на УС Опен Шелтон немаше шанси


  Откако ја започна сезоната очајнички трагајќи по својата прва голема титула, Зверев стана само четвртиот маж во „Опен ерата“ – по Џими Конорс, Гиљермо Вилас и Јаник Синер – кој ги освоил своите први две гранд слем титули во истата сезона. Тој ги урна надежите на Бен Шелтон да стане првиот црн Американец по […]

Придружи се на еуфоријата – 18 септември е последен рок за пријавување за Виз Ер Скопски Маратон 2026


Скопје се подготвува за уште едно големо спортско доживување, а времето за пријавување за Виз Ер Скопски Маратон 2026 истекува. 18 септември е последниот ден за пријавување, па сите кои сакаат да бидат дел од тркачката еуфорија на 4 октомври имаат уште малку време да го обезбедат своето место на стартот. Програмата на Виз Ер […]

Дончиќ прв фаворит за титулата најдобар стрелец во НБА според „Бличер рипорт“


Американски спортски дигитален медиум „Bleacher Report“ состави ранг-листа на главните кандидати за титулата најдобар стрелец во НБА за претстојната сезона, 2026/27. Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, се смета за прв фаворит. По словенечкиот кошаркар  во првите тројца се плејмејкерот на Оклахома Сити, Шеј Гилџус-Александар и бекот на Минесота тимбервулвс, Ентони Едвардс. Мнатата сезона, […]

Снимката со Пирс Броснан на УС Опен ги воодушеви фановите


Њујорк – Еден детаљ од финалето на тенискиот турнир Отвореното првенство на САД стана вирален, а во центарот на вниманието не беа играчите, туку поранешниот актер на Џејмс Бонд, Пирс Броснан. Камерата во живо го фати моментот кога часовникот на семафорот покажа 0:07, а потоа кадарот веднаш се префрли на Броснан како седи во публиката. […]

Рибакина ја престигна Сабаленка и се искачи на врвот на светската ранг-листа на ВТА


Лондон – Елена Рибакина која настапува за Казахстан се искачи на првото место на најновата ранг-листа на Женската тениска асоцијација (ВТА) објавена денес. Во финалето на Отвореното првенство на САД во саботата Рибакина ја победи Сабаленка од Белорусија, досегашниот женски светски рекет број 1. Топ 10 тенисерки на ранг-листата на ВТА: 1. Елена Рибакина (Казахстан) – […]

Зверев ја освои првата титула на УС опен


Германскиот тенисер Александар Зверев синоќа го победи Американецот Бен Шелтон во финалниот натпревар на УС опен 2026.  Мечот траеше 3 часа и 36 минути и заврши со резултат 6:3, 7:6 (7:2), 5:7 и 6:2. Дваесет и деветгодишниот Зверев (рангиран број 2 во светот) сервираше 9 аса, направи 6 двојни грешки и реализираше 4 од 6 […]

Ледена кралица: Елена Рибакина го покори Њујорк и светскиот тенис


  Дури и откако освои гренд-слем титули и триумфираше на сите подлоги, Елена Рибакина секогаш беше сметана за инфериорна во однос на најголемите тенисерки на нејзината ера. Таа долго време важеше за една од тенисерките со најразорен удар во светот, но секогаш пред неа имаше неколку играчки кои беа поконстантни и ментално поцврсти. Таа конечно […]

Братот на владината портпаролка Митева избран за претседател на Судискиот одбор на ФФМ


 Дејан Јакимовски, брат на владината портпаролка Марија Митева, е избран за нов претседател на Судискиот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. Одлуката ја донел Управниот одбор на ФФМ, а Јакимовски доаѓа на местото на Емил Божиновски, кој поради лични причини се повлекол од функцијата. Божиновски, сепак, останува дел од судиското тело на Федерацијата.     […]

Трагедија во Тетово, на 21 година загина фудбалерот Даниел Николовски


Тажна вест утрово го потресе тетовскиот спорт. Во сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишниот фудбалер Даниел Николовски. Николовски своите први фудбалски чекори ги направил во младинските категории на ФК Тетекс, а подоцна настапувал и за сениорскиот состав на клубот. Од Тетекс со емотивна порака се простија од младиот фудбалер, потсетувајќи на неговата поврзаност со клубот […]

Шелтон и Зверев во финалето на УС Опен


Њујорк– Американецот Бен Шелтон и Германецот Александер Зверев ќе играат во неделното финалето на УС Опен, последниот грен слем турнир во оваа сезона. Шелтон во полуфиналето рано изутринава го победи сонародникот Франсис Тиафо со 4-6, 6-3, 6-3, 7-5 и се доближи на чекор да стане првиот американски тенисер со грен слем титула по пауза од […]

Натпреварите во Холандија ќе бидат прекинати при користење пиротехника


 Фудбалските натпревари во Холандија ќе бидат прекинати во случај навивачите на трибините да употребат пиротехнички средства. Оваа одлука е донесена на денешниот заедничкиот состанок на претставници на Холандската фудбалска асоцијација (KNVB), јавното обвинителство и министерот за безбедност. Одлуката доаѓа по инцидентите што минатиот месец се случија на прволигашкиот дуел меѓу Камбур и Феенорд на кој […]

Македонските одбојкари поразени од Украина на Европското првенство


Македонската машка одбојкарска репрезентација го претрпе вториот пораз на Европското првенство, откако попладнево загуби од Украина со 3-0 (25-22, 25-22,25-10), во рамки на второто коло од групата Б што се игра во Софија. Приемот на украинскиот сервис не функционираше во македонските редови што му овозможи на противникот веќе во раната фаза од воведниот сет да […]

ПМФЛ: Тиквеш и Струга ремизираа, само бод за Шкендија против Арсими


Со идентичен резултат 2-2 завршија двата воведните натпревари од 7. коло во ПМФЛ во кои Тиквеш и Струга ремизираа попладнево во Кавадарци, а Арсими и тетовска Шкендија ги поделија бодовите во Гостивар. Лидерот Шкендија имаше водство од 2-0 по половина час игра на гостувањето против Арсими со головите на Ибраими (18 минута) и Мелиќи (29), […]

Каратистката Мицовска освои сребро на Европското универзитетско првенство


Македонската каратистка Јована Мицовска го освои сребрениот медал на Европското универзитетско првенство во боречки спортови што во организација на ЕУСА се одржува во Тирана. Мицовска во категоријата до 61 килограми забележа четири победи на патот до финалето во кое каратистката на КК „Макптерол“ загуби од претставничката на Турција, Нурбаде Бубер, со 1-3. На чекор до […]

ФИФА: Сè уште нема одлука каде ќе се игра финалето на СП2030


Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го демантираше денеска тврдењето на претседателот на Фудбалската федерација на Мароко дека неговата земја ќе биде домаќин на финалето на Светското првенство (СП) во 2030 година, наведувајќи дека одлуката сè уште не е донесена. Мароко, заедно со Шпанија и Португалија, ќе го организира СП2030 и ќе биде само втората африканска земја […]

Тренерот на Фенербахче поднесе оставка, претседателот не ја прифати


Истанбул – По вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Фенербахче и Рома што заврши 1:1, тренерот на тимот од Истанбул Исмаил Картал поднесе оставка. Но, претседателот на клубот Азиз Јилдирим реагираше брзо и изјави дека тренерот останува на својата функција. Тренерот Картал (65 години) оставката ја поднесе на прес конференцијата, со напомена дека повеќе не […]