Башкими ја победи Струга во последниот дуел од деветтото прволигашко коло
Башкими попладнево во Куманово ја совлада Струга ТЛ со 2:1. Ова беше последниот натпревар од 9. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Гостите од Струга поведоа со голот на Диако во 26.минута. Ор изедначи во 34-тата, а победата за Башкими ја донесе Мајимона со погодокот во 51.минута.
Струга пропушти шанса со освојување на трите бода да се искачи на врвот на табелата.
Лидер во поредокот останува Шкендија со 20, бода, Струга и Вардар имаат по 17, Тиквеш е четвтри со 16. Следуваат: Шкендија Арачиново 14, Силекс и Брегалница по 10, Арсими 9, Башкими 7, Скопје 3. з