Карлос Тевез сака Меси и Роналдо да заиграат во ист тим на неговиот проштален натпревар


За се има прв пат, па така е можно Лионел Меси и Кристијано Роналдо да заиграат за ист тим. Двајцата најдобри фудбалери во последните две децении се на листата на желби на Карлос Тевез за неговиот проштален натпревар.

Поранешниот аргентински репрезентативец се подготвува за својот последен натпревар, кој треба да се игра на „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес. Веста ја пренесуваат аргентинските и шпанските медиуми. Желбата на Тевез е да ги собере играчите со кои играл за време на својата кариера, а натпреварот би можел да се игра на 19.декември.

Претседателот на Бока Јуниорс, Хуан Роман Рикелме дал согласност натпреварот да се игра на легендарниот стадион.

Уште нема потврда од Меси и Роналдо.

Инаку, Тевез е еден од ретките фудбалери, кој настапувал заедно со двајцата играчи. Со Меси во дресот на Аргентина, а со Роналдо во Манчестер Јунајтед. Тој изјави дека ќе проба лично да разговара со Роналдо.