Ракометните суперлигаши го почнуваат четвртото коло


 Со двата натпревара што се играат попладнево и вечерва во Битола и во Охрид стартува четвртото коло од Супер лигата. Во Битола е дуелот на двете екипи од овој град, а „домаќин“ е Еурофарм Пелистер, додека „гостин“ е Еурофарм Пелистер 2. Почетокот на дуелот е во 17:30 часот. Во Охрид по натпреварите од женскиот „Трофеј […]

Стартуваше новата сезона од кошаркарската Евролига


Со одигрувањето на седумте натпревари синоќа стартуваше новата сезона во кошаркарската Евролига, а шампионот Олимпијакос постигна победа на гости против Басконија и беше единствениот тим со постигнати 100 и повеќе поени. Финалистот Реал Мадрид загуби од Дубаи на гостински терен во натпревар со неизвесна завршница. Резултати на синоќа одиграните дуели: Дубаи – Реал Мадрид 78:77, […]

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс


Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да избори финале на Европското првенство во бокс во Софија. Тој во денешната полуфинална борба загуби на поени со 4:1 од Украинецот Аидер Абдураимов. За Рустемовски ова е секако голем резултат бидејќи веќе испиша историја со пласман во полуфиналето бидејќи обезбеди бронзен медал. Ова е негов најдобар резултат во […]

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз во интервју за Би-би-си зборуваше за историјата на тенисот. Тој напомена дека неговиот сонародник Рафаел Надал бил негов идол додека растел и сакал еден ден да биде како него. „Ако ги погледнеме бројките, нема дилеми – Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња“, изјави Алкараз. Бројките потврдуваат дека Ѓоковиќ има рекордни […]

Ристовски: В година ќе се реконстуира салата „Македонија“ во Прилеп


Во интервју за порталот Екипа, министерот за спорт Борко Ристовски со една реченица објасни што може да се очекува со спортските сали во Прилеп. До крајот на оваа година градот ќе остане без функционална спортска сала, бидејќи според програмата на министерството не се предвидуваат никакви зафати. За наредната 2027 година во план е рекострукција на […]

Во Охрид почнува меѓународниот женски ракометен турнир „Трофеј Македонија 2026“


 Во Охрид денес стартува меѓународниот женски ракометен турнир „Трофеј Македонија 2026“.  Распоред на денешните натпревари: Хрватска – Црна Гора почеток 16 часот Македонија – Србија почеток 18 часот. Натпреварите ќе се играат во СЦ „Билјанини Извори“, влезот за сите натпревари ќе биде слободен. 

Виз Ер Скопски маратон со нова мотивација: испратете 7 секунди поддршка за вашиот најблизок


Поддршката од семејството и пријателите е важен дел од секоја трка. А годинава, оние кои се најблиски до учесниците на 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон ќе имаат можност да им испратат порака која ќе ги пречека директно на патеката, токму во моментите кога им е најпотребна дополнителна мотивација. На 4 октомври, илјадници учесници […]

Барселона се откажа од идејата за потпишување на Алварез


Барселона одлучи да се откаже од идејата за потпишување на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, објави „Fichajes“. Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, ги променил своите приоритети, сега инсистира на стекнување на левак централен дефанзивец, наместо централен напаѓач. Ова се должи на успехот на Рафиња како централен напаѓач – Каталонците постигнуваат многу голови и повеќе […]

Мекалистер се надева дека ќе остане во Ливерпул по истекот на договорот


Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мекалистер, зборуваше за неговата договорна ситуација со англискиот клуб и изрази надеж дека ќе остане во тимот. – Сè уште нема конечна одлука. Ми остануваат уште две години од договорот. Ќе дадам сè од себе. Многу работи можат да се случат во тој период и има многу опции. […]

Манчестер јунајтед продава парчиња од тревникот на „Олд Трафорд“ за 146 евра


Манчестер јунајтед започна со продажба на парчиња од стариот тревник на својот домашен стадион, „Олд Трафорд“. Секое парче, со димензии 7 x 7 сантиметри и сместено во акрилна коцка со фотографија од стадионот, чини приближно 146 евра, објави „ESPN“. Теренот на „Олд Трафорд“ беше целосно заменет минатото лето – прв пат од 2012 година. Стариот […]

Финска приреди сензација, ја елиминира Италија во четвртфиналето на Евроволеј 2026


Одбојкарите на Финска приредија сензација на Европското првенство 2026. Тие синоќа во четврфиналето ја елиминираа Италија победувајќи ја во Торино со 3:2, по сетови 21:25, 28-26, 25:16, 20:25 и 15:13. Италијанците кои се актуелни светски прваци, важеа за апсолутни фаворити на овој меч, но на крајот ги разочараа своите навивачи кои очекуваа злато од ова […]

Формула 1 овој викенд во необично време: Големата награда на Азербејџан се одржува во сабота


  Гран При на Азербејџан оваа година носи необичен распоред за фановите на Формула 1. Трката во Баку ќе се одржи во сабота, 26 септември, наместо традиционалниот неделен распоред. Причината не е промената во правилата на Формула 1, туку Денот на сеќавање во Азербејџан, кој се слави во недела, 27 септември. Овој датум во Азербејџан […]

Македонскиот боксер Рустемовски обезбеди полуфинале и медал на ЕП


Македонскиот боксер Ален Рустемовски постигна најголем резултатски успех во својата кариера со пласманот во полуфиналето на Европското првенство во бокс што се одржува во Софија. Тој во четвртфиналната борба го победи Артур Базејан од Ерменија со 4:1 на поени. На тој начин со пласманот во полуфиналето обезбеди медал за себе и македонскиот бокс. Рустемовски настапува […]

„Макпетрол“ и ФФМ потпишаа договор за поддршка на македонската фудбалска репрезентација


„Макпетрол“ ја продолжува својата долгогодишна определба за поддршка на македонскиот спорт, започнувајќи соработка со Фудбалската федерација на Македонија и со поддршка за македонската А-репрезентација. Во текот на своето повеќедецениско постоење, компанијата континуирано вложува во спортот и во спортистите кои ја претставуваат земјата на најголемите домашни и меѓународни натпреварувања. Почетокот на соработката беше одбележан со потпишување […]

Реал до Атлетико: Меморијата ви е кратка, каде беше почитта порано?


Реал Мадрид преку својот ТВ канал им упати остар одговор на градскиот ривал Атлетико по мадридското дерби. Четириминутното видео е компилација од голем број објави на социјалните мрежи, изјави, фотографии и архивски снимки. Целта на видеото беше да одговори на критиките на Атлетико за судењето и да ги потсети навивачите и играчите на нивните претходни […]

ФИА ги менува правилата за Формула 1, се скратува должината на трките


Меѓународната федерација за автомобили (ФИА) и нејзината Формула 1 Комисија официјално потврдија дека од следната сезона должината на Гран при трките ќе се намали од 305 на 290 километри. ФИА најави промени во правилата на Формула 1, вклучително и скратување на Гран-при трките и напуштање на одредени предложени промени во дизајнот на менувачот. Во одделни […]

Формирани четвртфиналните двојки на Евроволеј 2026


По одиграување на последниот осминафинален дуел синоќа во Торино, на кој Словенија ја совлада Србија со 3:0, познати се сите двојки за следната фаза на Европското првенство во одбојка за мажи. Во четвртфиналето ќе играат:  Франција – Романија (22 септември, 15 часот)  Полска – Германија (22 септември, 18 часот) Белгија – Словенија (23 септември, 16 […]

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид – 19 вакцина


Капитенот на швајцарската фудбалска репрезентација, Гранит Џака ќе ги пропушти воведните четири натпревари од Лигата на нации, откако денеска призна дека користел лажен сертификат за вакцинација против Ковид-19. Швајцарија ја стартува сезоната во Б дивизијата во Лигата на нации в сабота кога ќе ѝ гостува на македонската репрезентација во Скопје. Реваншот е закажан за 6 […]

Истанбул ќе ги пречека Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад на Шпанскиот Суперкуп


Четири од најпознатите имиња на шпанскиот фудбал, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад, ќе се соберат во Истанбул од 2 до 6 февруари 2027 година, во битка за трофејот на Шпанскиот Суперкуп. Турнирот за првпат ќе се одржи во Турција, која ќе стане втората земја надвор од Шпанија домаќин на ова натпреварување. Шпанскиот […]

Каратистите на Макпетрол освоија шест медали на „Купот на шампиони“


 Три златни и три сребрени медали викендот освои тимот на Макпетрол на меѓународниот карате турнир „Куп на шампиони“ во Подгорица, Црна Гора.  Со злато се закитија: Јована Мицовска -61 кг; Вукашин Јовановиќ -67 кг; Стефан Стојановиќ +84 кг. Сребрени медали освоија: Данили Божовиќ -84 кг; Викторија Јовановска -68 кг; Греса Мустафиу +68 кг.  Тренерот Петар […]