Медведев последен полуфиналист во Шангај


Рускиот 30-годишен тенисер Данил Медведев се пласираше во полуфиналето АТП Мастерс турнирот од серијата 1000 во Шангај, откако денеска во последното четвртфинале со 6-3, 1-6, 6-3 го совлада Американецот Томи Пол.

Медведев, кој е петти носител на Мастерсот во Шангај, ќе игра во полуфиналето против десет години помладиот Шпанец Рафаел Ходар, кој во четвртфиналето беше поуспешен од Норвежанецот Каспер Руд со 4-6, 6-4, 6-3.

Медведев има една победа во Шангај, освојувајќи го трофејот во 2019 година.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Александар Зверев и Алехандро Давидович Фокина.

АТП Шангај, четвртфинале:

Данил Медведев (5) – Томи Пол (САД/15) 6-3, 1-6, 6-3

Рафаел Јодар (Шпанија/12) – Каспер Руд (Норвешка/20) 4-6, 6-4, 6-3.