Лига на нации: Македонските фудбалери на стартот дома со Швајцарија, на крајот дома со Словенија


Европската фудбалска асоцијација го објави распоредот на натпреварите во годинешното издание од Лигата на нации. Македонските фудбалери дебитантскиот настап во Б конкуренцијата ќе отворат на домашен терен и тоа против селекцијата на Швајцарија. Првиот натпревар во историјата против оваа репрезентација ќе го одиграме на 26.септември на арената „Тодор Проески“, a почетокот е закажан за 20 […]

Леброн Џејмс го оствари 123.тиот „трипл дабл“ во кариерата


Легендата на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс на ноќешниот дуел на неговиот тим Лос Анџелес Лејкерс против Далас го оствари 123.тиот „трипл-дабл“ во кариерата. Тој натпреварот го заврши со 28 поени, 10 скокови и 12 асистенции. Леброн повеќе од една година немаше „трипл дабл“, последниот му беше на 1.февруари 2025 година.  Џејмс учинокот го постви […]

Шокантни предвидувања на лекарите за повредата на Вон: „Првата цел е да се спаси нејзината нога“


  Американската скијачка легенда Линдзи Вон (41) може да претрпи доживотни последици по сериозната повреда здобиена за време на спустот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо. Во интервју за француските медиуми, истакнатиот ортопедски хирург д-р Бертран Сонери-Коте од центарот Санти во Лион, специјалист за повреди на коленото кој оперирал бројни врвни спортисти […]

Стартува завршницата на кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски – Буштур“


 Осум желби – само еден трофеј, а во следните три дена Куманово ќе биде домаќин на завршницата на кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски – Буштур“. Вкупно девет клубови се радувале на освојувањето на пехарот во ова натпреварување, а најуспешен е бранителот на трофејот тимот на МЗТ Скопје Аеродром со 13 пехари. Двоцифрена бројка има и првиот […]

Само еден бод за Арсенал на гостувањето кај Брентфорд


Лидерот на Премиер лигата Арсенал освои бод на гостувањето кај Брентфорд откако во последниот дуел од 26.коло синоќа одигра нерешено 1:1. Арсенал по ова коло има четири бодови предност во однос на Манчестер Сити. Гостите поведоа во 61.минута преку Нони Мадуеке, а Брентфорд изедначи десет минути подоцна со голот на Кин Луис-Потер. Арсенал е лидер […]

Полувреме од соништата: Атлетико Мадрид ѝ ја наполни мрежата на Барселона


 Екипата на Атлетико Мадрид во првото полуфинале од Кралскиот куп на домашен терен синоќа ја совлада Барселона со 4:0, а сите голови беа постигнати во првиот дел. Атлетико поведе со автоголот на Ерик Гарсија во 6.минута, а во 14.та минута веќе беше 2:0 – стрелец беше Антоан Гризман. Новото засилување на Атлетико Адемола Лукман зголеми […]

Македонија во групата Б1 на Лигата на нации против Шкотска, Швајцарија и Словенија


Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Брисел ги дозна своите противници за новото издание на Лигата на нации на УЕФА. Како дебитант во Лига Б, Македонија беше сместена во групата Б1, каде за ривали ги доби селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија. Пеколно деби во посилната дивизија По одличните настапи во претходниот циклус, „Рисовите“ сега се […]

ЗОИ2026: Злато за Австриецот Хамерле во сноуборд крос


Австрискиот натпреварувач Алесандро Хамерле денеска го освои златниот медал во сноуборд крос на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Хамерле триумфираше во големото финале пред Канаѓанецот Еилот Грондон, кој го освои среброто, и Австриецот Јакоб Душек, кој се закити со бронзата. Четвртото место во големото финале го освои Французинот Аидан Шоле. 

ЗОИ 2026: ИОК го дисквалификува Украинецот Гераскевич поради носење нелегална кацига


Организаторите на Олимписките игри во 2026 година го дисквалификуваа украинскиот тркач со скелетон Владислав Гераскевич поради носење нелегална кацига со портрети на починати спортисти, пренесува ТАСС. ИОК, исто така, му ја одзеде олимписката акредитација на Гераскевич. „Марка“ објави дека претседателката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Кирсти Ковентри, лично ќе пристигне на олимписката патека, Еугенио Монти, […]

Да, тоа е истиот човек – предводи 13 национални тимови на ЗОИ, а се пресоблекува како на лента


Ако некогаш сте помислиле дека да се биде зимски олимпиец е исцрпувачки и бара неуморна посветеност на емоционално и физички интензивен живот, обидете се да тренирате шеснаесет од нив, исто како Беноа Ришо Гледачите на кратката програма на Зимските олимписки игри можеби доживеале дежа ву кога камерите го покажаа грузискиот лизгач Ника Егадзе како седи […]

Македонската репрезентација вечер ќе ги дознае ривалите во Лигата на нации


Во Брисел вечер од 18 часот ќе бидат извлечени групите за Лига на нации сезона 2026/7. Македонската репрезентација се наоѓа во четвртиот шешир сегмент -Б заедно со репрезентациите на Шведска, Северна Ирска и Косово, против кои не можеме да се падне. Потенцијали ривали на „црвено-жолтите“ се: Прв шешир: Шкотска, Унгарија, Полска и Израел. Втор шешир: […]

ЗОИ 2026: Норвешка и Италија со по 13 медали најуспешни по пет натпреварувачки дена


На Зимските олимписките игри во Милано и Кортина, досега најмногу медали имаат освоено Норвешка и Италија – по 13. САД се исто така двоцифрени со 12 медали. Норвежаните имаат освоено седум златни медали, два сребрени и четири бронзени. Италија има четири златни, два сребрени и седум бронзени. Американците имаат четири златни, шест сребрени и два […]

Влезниците за воведувањето на Федерер во тениската „Сала на славните“ продадени за две минути


Меѓународната тениска „Сала на славните“ потврди дека влезниците за церемонијата на воведување на Роџер Федерер се продадоа за две минути, иако организаторите додадоа неколку илјади дополнителни влезници во надворешната фан-зона. -Како мало, но историско место, нашиот капацитет е ограничен, објасни портпарол на Куќата на славните на социјалните медиуми. „Куќата на славните“ изјави дека очекувала такво […]

Интер Мајами го одложи пријателскиот натпревар против Индепендиенте дел Вале поради повреда на Меси


Интер Мајами одлучи да го одложи пријателскиот натпревар против еквадорскиот Индепендиенте дел Вале поради повреда на напаѓачот Лионел Меси. Триесет и осумгодишниот Аргентинец ја претрпе повредата на 8 февруари во пријателскиот натпревар против еквадорската Барселона (2:2), на кој постигна гол и асистираше. – За жал, почувствував истегнување на мускулот на последниот натпревар, но навистина се […]

Дефинитивен крај на Суперлигата, се повлече и Реал


Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави вечерва дека постигнала договор со Реал Мадрид за прекин на тековната битка околу формирање Суперлига, откако мадридскиот клуб остана единствен поборник за ова натпреварување. Главниот ривал на Реал Мадрид, Барселона, минатата недела објави дека се откажува од проектот Суперлига, а сега и Кралскиот клуб одлучи да го стори истото. „По […]

Линдзи Вон по трет пат оперирана по несреќата на ЗОИ. Се јави од болница


Милано Кортина – Американската скијачка легенда Линдзи Вон (41) повторно е оперирана, по трет пат за само неколку дена по сериозниот пад на олимпискиот спуст. Таа го сподели своето закрепнување од повредата со своите следбеници на својот Инстаграм профил и на други социјални мрежи. Објави фотографии од болничкиот кревет со охрабрувачка порака до своите обожаватели. […]

Ѓоковиќ, Федерер или Надал: Еве што вели Крис Еверт


Прашањата за тоа кој е најголемиот тенисер во историјата веројатно ќе траат засекогаш, со оглед на тоа колку лична пристрасност е завиткана во секој одговор. Некои може да гравитираат кон елеганцијата на Роџер Федерер, додека други би можеле да бидат поколебани од неуморната желба и решителност на Рафаел Надал преку повреди и замор. Потоа тука […]

Американски спортисти го бранат колегата нападнат од Трамп


Милано Кортина – Голем број американски спортисти кои се натпреваруваат на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина застанаа во одбрана на својот колега скијач во слободен стил Хантер Хес откако претседателот Доналд Трамп го нападна на социјалните мрежи, нарекувајќи го „вистински губитник“ затоа што рекол дека не е лесно да се претставуваат САД во […]

Бронзениот Норвежанец не плачеше од среќа за медалот, туку што ја изневерил девојката


  Норвежанецот Стурла Холм Леграид се расплака откако освои бронзен медал во машкиот бијатлон на 20 км на Зимските олимписки игри, извинувајќи се дека имал афера и велејќи: „Ова беше најлошата недела во мојот живот“. Јохан-Олав Ботн го освои златото, а Французинот Ерик Перо беше втор, но токму Леграид ги запрепасти телевизиските гледачи во Норвешка […]

Легендарната Моника Селеш се бори со автоимуна болест


Тениската легенда Моника Селеш (52) неодамна јавно проговори за својата борба со ретка автоимуна болест. Минатото лето, таа откри дека во 2022 година ѝ е дијагностицирана мијастенија гравис, хронична невромускулна болест која предизвикува мускулна слабост, со што започна уште една тешка животна битка, овој пат далеку од спортските терени.     Први симптоми и патот […]