За малку ќе останеше инвалид, а сега е светски шампион


Од можност да остане инвалид, до планетарен шампион. Пред седум години беше закован за болнички кревет, денеска е на кровот на светот. Маркус Ајзенбихлер (27) е топ спортски лик по викендот зад нас, а неговата животна приказна и тоа како воодушевува. Во 2012 година имаше страшно тежок пад на глава во Обесдорф пришто се здоби …

За малку ќе останеше инвалид, а сега е светски шампион Read More »

Васоски по двата пораза на Вардар: Тројца невоиграни стартери, импровизации, психологија…


Два пораза, пет примени гола и ниту еден постигнат е ефектот на Вардар во двете кола од пролетниот дел на сезоната во фудбалскиот шампионат на Македонија. Двата се претрпени во Тетово. Првиот од Шкендија со 0:1 во меч во кој не беше признат гол на скопските „црвено-црни“ (асистентот на Димитар Мечкаровски – Игор Стојчевски не …

Васоски по двата пораза на Вардар: Тројца невоиграни стартери, импровизации, психологија… Read More »

Суспендиран судијата кој досуди непостоечки пенал против Интер


Италијанската фудбалска федерација го суспендира судијата Росарио Абисо поради контроверзната одлука во натпреварот од 25. коло во Серија А меѓу Фјорентина и Интер. Абисо им додели пенал на фудбалерите на Фјорентина во 96.минута од средбата, за наводното играње со раката на Данило Д’Амброзио во својот шеснаесетник . По петминутна пауза и прегледување на ВАР снимката …

Суспендиран судијата кој досуди непостоечки пенал против Интер Read More »

УЕФА ќе го казни Симеоне за експлицитниот гест во мечот против Јувентус


УЕФА ќе го казни тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне за експлицитниот гест, откако неговиот тим го постигна првиот гол во победата над Јувентус со 2:0 во Лигата на Шампионите. Откако дефанзивецот Хозе Марија Хименез ја затресе мрежата, Симеоне се сврте кон навивачите на противникот и ги испровоцира. Аргентинецот изјави дека гестот покажувал дека имал …

УЕФА ќе го казни Симеоне за експлицитниот гест во мечот против Јувентус Read More »

Поради Косово, Шпанија нема да биде организатор на квалификациски натпревари за ЕП до 17 години


Одбивањето на Шпанија да го користи знамето и химната на Косово ја принуди УЕФА да ги премести квалификациските натпревари за Европското фудбалско првенство до 17 години. Непријателството од страна на Шпанија кон спортистите од Косово го прекршува ветувањето што нејзината влада го направи пред Меѓународниот олимписки комитет за почитување на правата на спортистите. МОК интервенира …

Поради Косово, Шпанија нема да биде организатор на квалификациски натпревари за ЕП до 17 години Read More »

Зидан би работел само во два клуба


Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, нема да го предводи Челзи, пишува „Тајмс“. Според гласините, менаџментот на „сините“ планира да го разреши менаџерот Маурицио Сари, кој беше назначен само пред неколку месеци. Клубот размислува да ја покани својата француска легенда да го замени, но изгледа дека ќе бидат одбиени. Според „Тајмс“, Зидан не сака …

Зидан би работел само во два клуба Read More »

Тошак: Реал Мадрид треба да смени половина тим


Џон Тошак ја анализираше ситуацијата во неговиот поранешен тим Реал Мадрид. Стратегот од Велс, кој ги предводеше „белите“ во два периоди од својата кариерат, го советуваше европскиот шампион да замени половина од тимот. Шеесет и девет годишниот Тошак, исто така, му даде совети на велшкиот репрезентативец во мадридскиот гигант – Герет Бејл. – Мадрид треба …

Тошак: Реал Мадрид треба да смени половина тим Read More »

Пандев доби италијанско државјанство


Македонскиот репрезентативец Горан Пандев доби и италијанско државјанство. Популарниот Гоче преку социјалните мрежи се пофали дека од денеска и официјално, има италијанско државјанство. Напаѓачот на Џенова речиси цела кариера ја мина на Апенините со исклучок на сезоната 2000/01, кога настапуваше за Беласица и во 2014/15, кога го носеше дресот на турски Галатасарај. Неодамна во интервју …

Пандев доби италијанско државјанство Read More »

Бензема: Сега сум лидер, претходно бев во служба на Роналдо


Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема се навикнува на својата нова улога како најдобар стрелец. – Сега сум лидер во нападот, а претходно бев во служба на Кристијано. Секогаш се обидував да му помогнам да постигне повеќе голови. Тогаш бев во втор план. Сега зависи од мене да покажам дека можам да бележам, изјави францускиот …

Бензема: Сега сум лидер, претходно бев во служба на Роналдо Read More »

Сари добива поддршка од навивачите и поранешните играчи на Челзи, за Кепа се бара суспензија


По скандалот во финалето на Лига купот на Англија кога голманот на Челзи Кепа Аризабалага одби да биде сменет не прифаќајќи ја одлуката на тренерот Маурицио Сари, на социјалните мрежи се појавија лавина на коментари со осуда за Шпанецот и поддршка за италијанскиот стручњак. – Да биде жестоко казнет! Веднаш да биде суспендиран од првиот …

Сари добива поддршка од навивачите и поранешните играчи на Челзи, за Кепа се бара суспензија Read More »

Клоп: Натпреварот со Јунајтед беше многу чуден


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по нерешениот исход на натпреварот со Манчестер во 27. коло од шампионатот на Англија искажа зачуденост од тоа што се случуваше на теренот. Средбата заврши 0:0, а натпреварот го одбележаа големиот број повреди во првото полувреме. – Тоа беше многу чуден натпревар. Почнавме многу добро, а потоа започна кризата со …

Клоп: Натпреварот со Јунајтед беше многу чуден Read More »

Манчестер јунајтед и Ливерпул без голови


Без постигнат гол заврши натпреварот на „Олд трафорд“ одигран попладнево меѓу екипите на Манчестер јунајтед и Ливерпул. Ова беше дерби на 27.коло под Премиер лигата. Натпреварот го одбележаа четирите принудни замени во првото полувреме, три кај домаќините и една во тимот на Ливерпул. Со освоениот бод, Ливерпул повторно сам е на врвот на табелата, додека …

Манчестер јунајтед и Ливерпул без голови Read More »

Хјустон го победи шампионот и без Харден


И покрај отсуството на актуелниот МВП на Лигата, Џејмс Харден, Хјустон Рокетс го победи шампионот на НБА, Голден Стејт со 118:112 како гостин во натпревар од регуларната сезона. Харден чувствувал болки во вратот по удар за време на тренинг и тренерот на „ракетите“, Мајк Дантони одлучи да го одмори за дербито со „воините“ во Оукленд. …

Хјустон го победи шампионот и без Харден Read More »

Вардар го победи Кристијанштад и ги задржа шансите за втората позиција


Македонскиот ракометен првак Вардар продолжува со максималниот ефект во дуелите со Кристијанштад во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ вечерва славеа победа на гостувањето во Шведска со 32:30 што е осми триумф за нив на исто толку средби со ривалот. Првото полувреме им припадна домаќините со 17:16. Во првата третина од вториот дел вардарци со серија од …

Вардар го победи Кристијанштад и ги задржа шансите за втората позиција Read More »

Хамилтон: Ќе ја завршам мојата кариера кога повеќе нема да напредувам


Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон кажа кога ќе биде подготвен да ја заврши кариерата. „Најдоброто нешто во врска со трките е тоа што секогаш можеш да се подобриш. Ако сфатам дека повеќе не напредувам како тркач, ќе ја завршам мојата кариера. Но, ако веќе сте на врвот, има многу малку простор за подобрување. 2018 година …

Хамилтон: Ќе ја завршам мојата кариера кога повеќе нема да напредувам Read More »

(Видео) Магичниот Меси со пресврт во Севилја


Фудбалерите на Барселона ја победија Севилја со 4:2, со фантастичен пресврт во гости во последните 25 минути. Андалузијците одлино им парираа на Каталонците и поведоа со голот на Хесус Навас во 22. минута, но само четири минути подоцна Барса израмни. Со спектакуларен волеј удар Лионел Меси ја затресе мрежата на домашниот тим. Но, Севилја се …

(Видео) Магичниот Меси со пресврт во Севилја Read More »

Невил: Победа над Ливерпул ќе му загарантира постојан договор на Солскјер


Живата легенда на Манчестер Јунајтед, Гери Невил е на мислење дека при победа во големото дерби против Ливерпул, раководството на клубот сигурно ќе му додели постојан договор на привремениот тренер Оле Гунар Солскјер на крајот на сезоната. Норвежанецот успеа да го крене клубот на нозе, откако тимот не личеше на себе при Жозе Мурињо. Но …

Невил: Победа над Ливерпул ќе му загарантира постојан договор на Солскјер Read More »

Облак ќе го продолжи договорот со Атлетико


Голманот на Атлетико, Јан Облак, планира да го продолжи договорот со клубот. Според „Дејли меил“, новиот договор со 26-годишниот Словенец ќе се пресметува до 2022 година. Платата на Облак ќе изнесуваат 10 милиони фунти годишно. Откупната клаузула клубот ќе ја зголеми на 174 милиони фунти. Облакот е во Атлетико од 2014 година. Со мадридскиот клуб, тој …

Облак ќе го продолжи договорот со Атлетико Read More »

Занети: Икарди сé уште е важен за Интер, го чекаме неговото враќање


Директорот на Интер, Хавиер Занети ја коментираше ситуацијата околу договорот на аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди. Мауро Икарди сé уште е важен играч за Интер. Се надеваме дека ќе се врати на теренот што е можно поскоро. Мислам дека кога ќе дојде до конфликт во соблекувалната, таму треба да се реши. Така овој тим може да …

Занети: Икарди сé уште е важен за Интер, го чекаме неговото враќање Read More »

Паричката, конечно, му падна на Динамо


Динамо Загреб ги живее моментите што ги сонуваше пола век. Успеа да презими во Европа, а сега успеа и да опстане на меѓународната сцена. Во два меча ја елиминира чешка Викторија Плзен и во осминафиналето во Лига Европа за противник ја доби Бенфика. „Модрите“ ќе бидат домаќини во првата средба на 7 март, реваншот на …

Паричката, конечно, му падна на Динамо Read More »