Тошак: Реал Мадрид треба да смени половина тим


Џон Тошак ја анализираше ситуацијата во неговиот поранешен тим Реал Мадрид. Стратегот од Велс, кој ги предводеше „белите“ во два периоди од својата кариерат, го советуваше европскиот шампион да замени половина од тимот.

Шеесет и девет годишниот Тошак, исто така, му даде совети на велшкиот репрезентативец во мадридскиот гигант – Герет Бејл.

– Мадрид треба да замени половина состав, не станува збор само за Марсело. Герет Бејл е должен да научи шпански, бидејќи на тој начин ќе покаже почит кон луѓето, изјави Тошак пред „Ел Голацо“.