Манчестер јунајтед и Ливерпул без голови


Без постигнат гол заврши натпреварот на „Олд трафорд“ одигран попладнево меѓу екипите на Манчестер јунајтед и Ливерпул.

Ова беше дерби на 27.коло под Премиер лигата. Натпреварот го одбележаа четирите принудни замени во првото полувреме, три кај домаќините и една во тимот на Ливерпул. Со освоениот бод, Ливерпул повторно сам е на врвот на табелата, додека Манчестер јунајтед му го препушти четвртото место на Арсенал. Пласман на првите пет во Премиер лигата по одиграни 27 рунди: Ливерпул 66 бода, Манчестер сити 65, Тотенхем 60, Арсенал 53, Манчестер јунајтед