УЕФА ќе го казни Симеоне за експлицитниот гест во мечот против Јувентус


УЕФА ќе го казни тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне за експлицитниот гест, откако неговиот тим го постигна првиот гол во победата над Јувентус со 2:0 во Лигата на Шампионите.

Откако дефанзивецот Хозе Марија Хименез ја затресе мрежата, Симеоне се сврте кон навивачите на противникот и ги испровоцира. Аргентинецот изјави дека гестот покажувал дека имал храброст да носи тешки одлуки за составот. Два дена подоцна тој се извини.

УЕФА објави дека нејзиниот дисциплинарен состав ќе излезе со дополнително мислење за случајот. Симеоне може да биде казнет за следните натпревари.

Реваншот во Италија ќе се одигра на 12-ти март. Тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри исто доби парична казна, бидејќи неговиот тим задоцни со излегувањето на теренот.