Гнев на Олимпијадата по дозволата Камила Валиева да се натпреварува


  Зимските игри во Пекинг влегоа во гнев и фарса во понеделникот, откако на 15-годишната руска лизгачка Камила Валиева и беше дозволено повторно да се натпреварува и покрај позитивниот допинг тест. Во многу очекуваната пресуда, Судот за спортска арбитража рече дека има „исклучителни околности“ околу случајот на Валиева и дека забраната доколку трае „ќе ѝ […]

ЗОИ: Австрија победник во екипни скокови на големата скокалница


Ски-скокачите на Австрија го освоија златниот медал екипно на големата скокалница на Олипмијадата во Пекинг. Иако по првата серија во водство беше репрезентацијата на Словенија со девет бодови предност, во втората серија Австријците имаа подобри скокови и на крајот заслужено се најдоа на првото место. Златото на Австрија и го донесоа Стефан Крафт, Даниел Хубер, […]

ЗОИ: Француските танцувачи на мраз Пападакис и Сизерон поставија светски рекорд


Француската натпреварувачка двојка во уметничко лизгање Габриела Пападакис и Гијом Сизерон поставија светскиот рекорд по најмногу освоени поени на Олимпијадите. Тие утринава освоија злато на Игрите во Пекинг. За двата танца, парот освои 226,98 поени. Ним им припаѓаше и претходниот рекорд поставен на Јапонското Гран при во 2019 година. Тогаш Пападакис и Сизерон добија 226,61 поен. "As fine an […]

ЗОИ: Американката Хемфрис го освои златниот медал во монобоб


На Олимпијадата 2022 година рано утрово заврши натпреварот во монобоб за жени. Американката Кејли Хемфрис го освои златниот медал со време 4:19,27 минути. За САД ове е седми златен медал на ЗОИ 2022. Среброто и припадна на нејзината сонародничка Илана Мејерс Тејлор која забележа вкупно време 4:20.81 минути. Првата тројка ја комплетира канадската натпреварувачка Кристин […]

Лос Анџелес по втор пат во својата историја го освои Суперболот


Лос Анџелес на домашен терен го победи Синсинати со 23:20 (7:3, 6:7, 3:10 и 7:0) во финалето на НФЛ одиграно ноќта недела кон понеделник пред 70 илјади гледачи. За Лос Анџелес ова е втор трофеј во популарниот Супербол, откако претходно беа најдобри во 1999 година. Синсинати го загуби своето трето финале. Ова беше првиот Супербол […]

ЗОИ: Судот во Лозана и дозволи на Валиева да продолжи да се натпреварува


Судот за спортска арбитража (CAS) не ги задоволи жалбите на ИОК, ВАДА и ИСУ за случајот Камила Валиева. Така, на руската лизгачка и е дозволено да учествува во уметничко лизгање сингл на Олимпијадата во Пекинг. Оваа одлука беше објавена рано утрово. Сослушувањето на засегнатите страни се одржа преку конференциска врска вчера попладне и заврши доцна […]

Леброн Џејмс со најмногу постигнати кошеви во историјата на НБА, го надмина Карим Абдул – Џабар


Кошаркарската ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, влезе во историјата на НБА лигата како најдобар стрелец во регуларниот дел и доигрувањата, надминувајќи го на вечната листа Карим Абдул – Џабар, уште една икона на Лејкерси од 70-те и 80-те години од минатиот век. Џејмс се запиша во историјата по саботниот пораз на Лејкерси од […]

Челзи во Абу Даби го освои единствениот трофеј што му недостасуваше, убиен навивач на Палмеирас


Челзи ја продолжи победничката серија на европските екипи во финалињата на Светското клупско првенство и со саботниот триумф над бразилски Палмеирас 2-1 (1-1,0-0) го освои единствениот трофеј што му недостасуваше во клупските витрини. До својот дебитантски трофеј во натпреварувањето во организација на ФИФА, фудбалерите на Челзи дојдоа по продолжение во финалето во Абу Даби, во […]

ЗОИ: Трето злато за Норвежанката Ројселанд, драма за бронзата на 10 километри


Норвешката биатлонка Марте Олсбу Ројселанд во својот четврти настап на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг го освои денеска четвртото одличје, а трето злато, убедливо триумфирајќи во трката на 10 километри. До својот вкупно шести олимписки медал во кариерата најдобрата светска биатлонка дојде со предност од 1:36.5 минути пред Швеѓанката Елвира Оеберг, која го освои среброто. Трката […]

ЗОИ: Русите убедливо до златото во штафетата 4×10 километри


Руската штафата го освои златото на денешната трка 4×10 километри на Зимските олимписки игри (ЗОИ), триумфирајќи во доминантен стил пред Норвешка и Франција Веќе во првата измена Алексеј Червоткин и донесе предност на Русија од 12 секунди, а Александер Болшунов, кој го освои своето второ злато во Пекинг, предноста дополнително ја зголеми. Во последната измена, […]

ЗОИ: Златото во велеслалом за Швајцарецот Одермат, сребро за Словенецот Жан Крањец


Швајцарецот Марко Одермат го освои златниот медал на денешната трка во велеслалом на 24. Зимски олимписки игри во Пекинг и со тоа ја потврди својата доминација во оваа алпска дисциплина. Сребрениот медал го освои Словенецот Жан Крањец, кој заосатна 19 стотинки зад Одермат, додека до бронзата дојде Французинот Матје Февр со заостанување од 1:34 минути […]

Шо: Сакаме во Лигата на шампионите, но ако продолжиме да губиме бодови, тоа нема да се случи


Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Лук Шо искажа критики за играта на тимот од „Олд Трафорд“ по денешното реми со Саутемптон (1:1) во натпреварот од 25. коло на шампионатот на Англија. -Историјата се повторува. Манчестер јунајтед имаше одлични први 20 минути, а потоа сé се повтори. Знаеме дека итно треба да се поправиме. Нашите резултати не […]

Првенец за Пандев во дресот на Парма


Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, го постигна својот прв гол како играч на Парма. Пандев попладнево во дуелот со Порденоне од 22. коло во Серија Б, во игра влезе на почетокот од второто полувреме и по само десет минути поминати на теренот постигна гол за во тој момент изедначување на резултатот на […]

Осма победа за МЗТ Скопје во АБА 2 лигата


 МЗТ Скопје Аеродром попладнево ја совлада Војводина со 83:75 и со две победи и еден пораз ги завршува настапите во „балонот“ во Бања Лука. Аеродромци клучната разлика ја направија со подобра игра во втората и третата четвртина (30:21 и 20:13). Најефикасни во таборот на македонскиот состав беа Роберт Рикиќ со 18 и Немања Милошевиќ и […]

ЗОИ: Линдвиг и го обезбеди осмото злато на Норвешка


Норвежанецот Мариус Линдвик освои злато во скијачки скокови на Олимпијадата во Пекинг. Дваесет и тригодишниот Линдвик покажа најдобар резултат во двата скока во дисциплината К-125. Линдвик за прв пат во кариерата стана олимписки шампион. Ова е осми златен медал за Норвешка на ЗОИ 2022 за лидерско место во поредокот на медалистите. Јапонецот Рјоју Кобајаши го […]

ЗОИ: Хокеарите на САД ја победија Канада на Олимпијада за прв пат по 12 години


Кина– Тимот на САД утрово ја совлада Канада со 4:2 во натпреварот од групната фаза на Олимпијадата во Пекинг. За Американците ова е прва победа над Канаѓаните на Олимпијадата по 12 години. Соединетите Американски Држави последен пат ја совладаа Канада во групната фаза на Олимписките игри во 2010 година, но потоа загубија во финалето. По овој […]

Олимпискиот медалист Георгиевски бара итна корекција од АМС за висината на ваучерот


Таеквондистот Дејан Георгиевски ја нарече срамна одлуката на Агенцијата за млади и спорт (АМС) околу износот на спортскиот ваучер кој му го додели на освојувачот на сребрениот олимписки медал во Токио и побара истата веднаш да биде коригирана. Реакцијата на Георгиевски и Македонската таекводно федерација доаѓа по одлуката на АМС да му додели со ваучер […]

ЗОИ: Русите не го признаваат позитивниот допинг наод на Валиева


 Рускиот олимписки комитет изнесе денеска „сериозни сомнежи“ во врска со позитивниот допинг наод на својата натпреварувачка во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, 15-годишната Камила Валиева, од страна на Светската антидопинг агенција (WADA). – Временскиот период во кој се анализирани примероците отвора сериозни прашања. Меѓународниот стандард за обработка на примероците во лабораторијата на WADA […]

ЗОИ: Злато за Финецот Нисканен во трката на 15 километри


Најдобриот фински натпреварувач во скијачко трчање, 30-годишниот Иво Нисканен, е олимписки победник во трката на 15 километри класичен стил, а до своето трето олимписко злато дојде денеска на убедлив начин, надминувајќи го второпласираниот Александер Болшунов од Русија за 23.2 секунди. За Нисканен ова е втор медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, по бронзата […]

НБА: Рекордни 51 поени за Дончиќ во триумфот на Далас над ЛА Клиперс


Кошаркарите на Далас го совладаа синоќа на домашен терен Лос Анџелес клиперс со 112-105, предводени од Лука Дончиќ, кој постигна рекордни 51 поени. Словенечкиот кошаркар до рекорден ефект во својата кариера дојде со фантастично издание во првата четвртина во која уфрли дури 28 поени, реализирајќи седум тројки од девет обиди. Having himself a night 🔥🥵 pic.twitter.com/ZDIpzkDwj8 — […]