„CAS“ ја потврди забраната на УЕФА за учество на руски тимови на турнирите на организацијата


Швајцарија – Судот за спортска арбитража (CAS) ја потврди забраната на УЕФА за учество на руски клубови на турнири под покровителство на организацијата. Иако ова е привремена пресуда, целосното рочиште треба да се одржи во наредните недели.

Рускиот фудбалски сојуз (РФС) реагираше на одлуката на CAS да ја потврди забраната на УЕФА за отстранување на руските тимови.

Светската и Европската фудбалска федерација на крајот на февруари донесоа заедничка одлука за отстранување на руските репрезентации и клубови од натпреварувањата под нивно покровителство до понатамошно известување.

Поради ова, рускиот национален тим беше исклучен од списокот на учесници во баражот за СП 2022 година во Катар, а Спартак Москва беше суспендиран од Лигата на Европа, каде требаше да игра во осминафиналето со Лајпциг.

Подоцна, РФС поднесе жалба до Судот за спортска арбитража, барајќи да се укине оваа одлука на ФИФА и УЕФА за суспензија, како и да се суспендира нејзината постапка додека трае судењето.