Болоња, Глазгов, Хамбург и Малага домаќини на Дејвис купот


Англија – Меѓународната тениска федерација (ИТФ) соопшти денеска дека Болоња, Хамбург, Малага и Глазгов ќе бидат домаќини на групната фаза од Дејвис купот, кој е на програмата од 14 до 18 септември.

Како што е соопштено, секој град ќе биде домаќин на една група со по четири репрезентации, а составот на групите ќе биде одреден со жрепка на 31 март.

За титулата во Дејвис купот ќе се натпреваруваат Србија, Хрватска, Велика Британија, Германија, Аргентина, Австралија, Белгија, Јужна Кореја, Шпанија, САД, Франција, Италија, Казахстан, Канада, Холандија и Шведска.

Специјални покани добија канадската и британската репрезентација, додека Србија е вклучена како замена за бранителот на трофејот Русија, која беше исклучена поради инвазијата на Украина.