Надал по петти пат ќе игра во финалето на Мастерсот во Индијан Велс


Фото: АП

САД– Шпанскиот тенисер и 21-кратен Грен слем шампион Рафаел Надал ноќеска го победи Карлос Алкараз со 6:4, 4:6, 6:3 во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс. Така Надал ја започна сезоната 2022 со 20 победи во низа и се избори за петто финале на престижниот турнир.

Воедно, Шпанецот стигна до 53-то финале на турнирите од серијата Мастерс и вкупно 129-то во кариерата.

За 92-та титула Надал ќе ги одмери силите со Тејлор Фриц.

Финалето е закажано за вечер во 23 часот по македонско време.

Како и да заврши финалето во Индијан Велс, од утре Надал повторно се враќа во ТОП 3 тенисери на светот. Тој од најдобрата тројка на АТП ранг-листата испадна во август минатата година.