На Грен слемовите воведено единствено правило за одлучувачки тај-брејк до 10 поени


Од оваа сезона на сите мечеви на Грен слем турнирите при резултат 6:6 во решавачкиот сет ќе се игра тај-брејк до 10 поени. Ова беше објавено во заедничката изјава на сите Грен слемови.

Новото правило ќе стапи на сила со „Ролан Гарос“, кој ќе се одржи од 22 мај до 5 јуни.

Се истакнува дека одлуката е донесена со цел да се обезбеди поголема конзистентност во правилата на Грен слем турнирите.

Претходно на „Вимблдон“ се играше стандарден тај-брејк до седум поени во решавачкиот сет при резултат 12:12, на „УС опен“ при резултат резултат 6:6, на „Австралија опен“ се играше тај-брејк до 10 поени кога беше 6:6 во петтиот сет, додека на „Ролан Гарос“ решавачкиот сет се играше без тај-брејк, односно до два разлика во решавачкиот сет.