Прва пол-позиција во кариерата за Серхио Перез


Возачот на Ред Бул, Серхио Перез победи во квалификациите за трката за Големата награда на Саудиска Арабија одржани вечерва. За Мексиканецот ова е прва пол-позиција до која дојде со време 1:28.200 минута остварено во петтиот круг. Второ време забележа Шарл Леклер од Ферари, а неговиот тимски партнер Карлос Саинц е трет. Актуелниот шампион кој ја […]

Верати ги замоли навивачите да не ги навредуваат италијанските репрезентативци


Марко Верати побара од италијанските навивачи да не ги навредуваат играчите на репрезентацијата. Избраниците на Роберто Манчини пред два дена загубија од Македонија со 0:1 во баражот за СП 2022 година. – Кога победувате, лесно е да се заблагодарите на сите. Денеска сакам да го направам ова по поразот кој ни ја одзеде шансата да […]

Еурофарм Пелистер го победи Вардар во големото дерби на македонскиот ракомет


Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го победија Вардар на гостински терен со 24:23 во големото дерби на македонскиот шампионат. Битолчани во најголемиот дел од натпреварот од 2. коло во Суперлигата имаа контрола врз резултатот и на крајот заслужено ги освоија бодовите. Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ се одигра пред полни трибини со присуство на двете […]

Квалификациите на ГП на Саудиска Арабија во прекин поради несреќата на Мик Шумахер


Возачот на Хас, Мик Шумахер доживеа тешка сообраќајна несреќа на пет минути пред крајот на вториот квалификациски сегмент за Големата награда на Саудиска Арабија. Шумахер ја загуби контролата на болидот во свиокот 12 и силно удри во бариерите. Медицинско возило се упати кон тркачот. „Формула 1“ се уште нема прикажано реприза на инцидентот во преносот. […]

Роналдо прогласен за најдобар фудбалер на Јунајтед во март


 Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер на тимот во март, објавено е на официјалниот сајт на клубот. Тој го освои првото место во гласањето на навивачите. Во конкуренција за наградата беа и  Џејдон Санчо и Фред. Во март, 37-годишниот Португалец постигна хет-трик на мечот против Тотенхем (3:2) во Премиер лигата. […]

Фудбалерите Трајковски, Барди и селекторот Милевски добија дипломатски пасоши


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска им додели дипломатски пасоши на фудбалските репрезентативци, Александар Трајковски и Енис Барди, како и на тренерот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски. Не само со победите над фудбалските велесили како што се Италија и Германија, туку и со севкупниот ваш придонес во успехот на нашиот национален тим, […]

Италија не знае што да прави по катастрофата со Македонија


  Со удар со десната нога, Александар Трајковски ја врати Италија назад во времето: во ноември 2017 година, нивниот најнизок момент, кошмар од кој една нација помина четири и пол години обидувајќи се да избега. Тогаш, првиот човек на Италијанската фудбалска федерација, Карло Тавекио, го опиша пропуштањето на Светското првенство како „апокалипса“. Кој збор би […]

Илјадници навивачи ги поздравија фудбалските херои на плоштадот „Македонија“


Неколку илјади навивачи се собраа вечерва на централниот скопски плоштад „Македонија“ за да и ја честитаат на македонската фудбалска репрезентација големата победа над европскиот првак Италија и пласманот во финалето од мундијалскиот бараж.   На насобраните симпатизери им се обрати капитенот Стефан Ристовски, најавувајќи беспоштедна борба и во вторник против Португалија, против последниот противник на патот до […]

(Фото) Македонските фудбалери се вратија во Скопје, вечерва ќе се слави


Македонската фудбалска репрезентација попладнево пристигна на скопскиот аеродром со чартер-лет од Палермо, каде вчеравечер на стадионот „Ренцо Барбера“ оствари сензационална победа над европскиот првак Италија и дојде на само чекор до историски пласман на Светско првенство. Фудбалерите и членовите на стручниот штаб од аеродромот во Скопје ќе се упатат на големо славје кое е најавено за вечерва […]

Трајковски: Судбината вмеша прсти


  Стрелецот на победоносниот гол против Италија, Александар Трајковски, изјави оти судбината посакала тој да ѝ донесе сензационална победа на македонската репрезентација на стадионот „Ренцо Барбера“ на кој настапуваше четири години како поранешен член на Палермо. „Со последните сили шутнав и целиот фокус го ставив во тој последен шут. Како да беше судено дека морам да дадам […]

На плоштад во Скопје ќе се слави победата над Италија


Триумфот над Италија и пласманот во финалето од мундијалскиот бараж македонските фудбалски репрезентативци и членовите на стручниот штаб ќе ја прослават заедно со навивачите вечерва на скопскиот плоштад „Македонија“. Како што попладнево објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), националниот тим се очекува да ги поздрави присутните навивачи на плоштадот во Скопје околу 18.30 часот. Пристигнувањето […]

Сејдини: Успехот на македонските фудбалери инспирација за секого


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Муамед Сејдини им ја честита на репрезентативците и стручниот штаб победата над Италија во Палермо и обезбеденото место во финалето од баражот за пласман на Светското првенство 2022. Сејдини во пораката објавена на социјалните мрежи истакна дека триумфот на македонските фудбалери треба да биде инспирација за успех на […]

Александар Трајковски – човекот кој ја „урна“ Италија


Александар Трајковски, фудбалерот кој синоќа го постигна единствениот гол за Македонија на натпреварот против Италија за квалификации на Светското првенство во Катар, слободно може да се нареќе херој. За него денеска пишуваат сите медиуми во регионот, но и во Европа и во светот. Трајковски (29), во моментот игра на позицијата лево крило во саудиски Ал-Фајх. […]

Јилмаз по промашениот пенал се збогува со турската репрезентација


 Турскиот фудбалски репрезентативец Бурак Јилмаз објави дека го одиграл последниот натпревар во националниот дрес, непосредно откако Турција загуби синоќа од Португалија (1-3) во полуфиналето од мундијалскиот бараж. Јилмаз синоќа прво го намали водството на Португалија на 2-1, а во 85 минути не реализираше пенал, по што во завршните минути домаќините само ја потврдија победата, која […]

Португалците внимателни пред финалето против македонските фудбалери: Добри се


 Респект и внимателност преовладуваат во изјавите на португалските фудбалери, кои по вчерашниот триумф над Турција (3-1) пред 48.000 гледачи на стадионот „Драгао“ во Порто, во вторник на истото место ја пречекуваат македонската репрезентација во рамки на финалниот бараж за пласман на Мундијалот во Катар. – Ваквите натпревари се финале, а финалето секогаш е комплицирано. Го […]

„Кориере дело спорт“: Македонскиот анаграм е демонски


Италијанската јавност сѐ уште е во шок од вчерашниот пораз во баражот од Македонија во Палермо. Има одредени пофалби за играта на македонските фудбалери, но главно реакциите се дека Италијанците потфрлиле и дозволиле да бидат елиминирани. Главната забелешка е зошто, всушност, италијанскиот фудбал се најде во улога да бара место во Катар преку бараж кога […]

Даниил Медведев повикува на мир, но учеството на Русите на Вимблдон неизвесно


САД– Дали светскиот рекет број 2 Даниил Медведев би бил подготвен да го критикува Владимир Путин за да игра на Вимблдон ова лето? Прашањето останува неодговорено откако Медведев вешто ја избегна оваа тема во Мајами. Засега, на Медведев и неговите сограѓани Руси им е дозволено да продолжат да играат како поединци на АТП и ВТА […]

Македонските фудбалери вечер се враќаат во Скопје


Македонската фудбалска репрезентација вечер се враќа во Скопје, ден по сензационалниот триумф над актуелниот европски првак Италија (1-0) во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство. Предвидено е македонската фудбалска експедиција со чартер-лет од Палермо да пристигне на скопскиот аеродром околу 18 часот. Селекторот Благоја Милевски ќе ги искористи деновите од викендот за мини подготовки за финалето против Португалија, […]

Милевски: Италија ја победивме во италијански стил


Македонскиот селектор Благоја Милевски не го криеше задоволството по синоќешната сензационална победа над Италија (1-0), истакнувајќи на прес-конференцијата по натпреварот во Палермо дека е горд на своите играчи. – Победивме во италијански стил против Италијанците, со гол од два обиди. Многу сум среќен поради оваа победа и горд на овие играчи, изјави Милевски, кој ја однесе македонската […]

Киелини: Огромно разочарување за нас, тешко е да се објасни што се случи


Ветеранот во италијанската фудбалска репрезентација Џорџо Киелини не може да поверува што и се случи на неговата репрезентација на вечерашниот дуел со Македонија. – Тешко е да се објасни. Огромно разочарување за нас. Одигравме добар натпревар, но не можевме да постигнеме гол. Од септември до денес направивме грешки и плативме за нив. Јасно е дека […]