Фудбалерите Трајковски, Барди и селекторот Милевски добија дипломатски пасоши


 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска им додели дипломатски пасоши на фудбалските репрезентативци, Александар Трајковски и Енис Барди, како и на тренерот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски.

Не само со победите над фудбалските велесили како што се Италија и Германија, туку и со севкупниот ваш придонес во успехот на нашиот национален тим, вие веќе сте нашите спортски дипломати и амбасадори, па најмалку соодветно е да го имате и симболот на дипломатијата – дипломатскиот пасош за вашите чести патувања“, истакна Османи на средбата.

Нашата репрезентација веќе утре патува во Португалија, каде на 29 март ќе се игра против домаќинот за пласман на мундијалот во Катар.