По 361 недела Ѓоковиќ симнат од врвот на АТП ранг-листата, нов лидер Медведев


Англија- Рускиот тенисер Данил Медведев е нов лидер на светската ранг-листа. Здружението на тениски професионалци (АТП) денес го објави најновиот поредок на најдобрите на кој по рекордни 361 недела првото место го загуби Србинот Новак Ѓоковиќ. Новиот прв светски рекет има 8.615 бодови, додека Ѓоковиќ 8.465 бода. Во ТОП 10 тенисери на светот уште се: […]

Македонските кошаркари по втор пат поразени од Грузија


Македонската кошаркарска репрезентација вечерва загуби од Грузија со 79:65 во квалификациите за Светското првенство 2023. За „црвено-жолтите“ ова беше четврти пораз во исто толку натпревари и втор од Грузија во три дена, по кој остануваат само теоретски шанси да се помине групата во која Грузија има три победи и еден пораз, Шпанија максимални три победи, […]

Откажан мечот Мешков – Вардар од ракометната Лига на шампиони


Натпреварот од 13 коло од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите меѓу Мешков Брест и Вардар планиран за 2 март 2022 година нема да се одигра. Вардар1961 требаше во вторник да патува за Брест, Белорусија на средба од ЛШ, но истиот нема да се одигра. Европската ракометна федерација ги извести клубовите дека „ сегашната […]

Ливерпул го победи Челси на пенали и го освои англискиот Лига куп


Ливерпул го освои англискиот Лига куп победувајќи го вечерва на „Вембли“ во Лондон тимот на Челси на пенали со 11:10. Основните 90 и дополнителните 30 минути завршија без голови, 0:0. Три гола на оваа средба не беа признати поради офсајд. Во вториот дел беше поништен гол на дефанзивецот на „црвените“, Џоел Матип, а головите на […]

Полска, Чешка и Шведска сакаат Русија да биде исклучена од плејофот за СП 2022


Полското Министерство за спорт сака да го откаже квалификацискиот натпревар со Русија за Светското фудбалско првенство 2022 година. Според „Przegląd Sportowy“, полскиот министер за спорт Камил Бортничук ќе се сретне со претседателот на ФИФА Џани Инфантино во Цирих во вторник или среда. Бортничук сака да го убеди Инфантино да го откаже баражот за пласман на […]

Абрамович ќе остане сопственик на Челси, тој само формално го предаде раководството на добротворна фондација


Според новинарот и добар познавач на случувањата во европскиот фудбал, Фабрицио Романо, Абрамович ќе остане сопственик на Челси. Директорката Марина Грановскаја и Петр Чех ќе се справат со сите аспекти од работата на клубот, вклучително и потпишување на нови договори, трансфери и слично. – Абрамович го предаде управувањето на Челси на добротворна фондација со цел […]

Почина Мирослав Наумовски – Лав, доајенот на македонското спортско новинарство


По кратко боледување, денеска во Скопје, почина доајенот на македонското спортско новинарство, Мирослав Наумовски – Лав, објави Екипа.мк. Наумовски патот кон спортското новинарство го мина најпрво и како активен спортист, член на првата ракометна генерација на РК Вардар притоа со настапи и за младинската репрезентација на Македонија во рамките на поранешна СФРЈ. Со македонската репрезентација […]

Скопје домаќин на меѓународен ФИБА камп за млади кошаркари


Македонската кошаркарска федерација идната недела ќе биде домаќин на меѓународен кадетски кошаркарски камп со знакот на ФИБА. На турнирот во машка и женска конкуренција за генерација 2008 година покрај домашните селекции ќе настапат и кошаркарки и кошаркари од Турција, Бугарија, Косово и Романија. Кошаркарскиот камп ќе се одржи во Скопје од 28 февруари до 6 март.

Норвешка ги затвора границите за руските спортисти


 Извршниот комитет на Норвешката скијачка федерација одржа денеска состанок по кој официјално објави дека руските спортисти не се  добредојдени на скијачките натпреварувања на кои Норвешка ќе биде домаќин во претстојниот период. „Руското кршење на меѓународното право и нападот врз украинскиот народ налагаат потреба од целосна меѓународна осуда и санкции. Спортот не може да биде одвоен […]

Полска официјално одби да го игра мундијалскиот бараж во Русија


Полската фудбалска репрезентација нема да го одигра мундијалскиот бараж против Русија на крајот на март во Москва, објави денеска претседателот на Фудбалската федерација на Полска, Цезар Кулеша. Русија треба да и биде домаќин на Полска на 24 март, во првиот бараж натпревар за пласман на Мундијалот во Катар, а во случај на победа Русите повторно во Москва […]

Блумберг: Аларм во Лондон. Милијардерите чекаат шанса да го купат Челси од Абрамович


На рускиот милијардер Роман Абрамович неодамна му беше забрането да живее во Велика Британија, објавија англиските медиуми. Сопственикот на Челси со месеци не е виден во својот дом во Лондон, а извори од Англија тврдат дека никогаш нема да смее да се врати таму. Имиграциските службеници наводно добиле инструкции да му забранат на Абрамович да […]

МОК бара целосен спортски бојкот на Русија и Белорусија


Меѓународниот олимписки комитет (МОК) објави дека сите меѓународни спортски федерации треба или да ги откажат или да ги преместат сите спортски настани кои треба да се одржат во Русија или Белорусија, поради руската инвазија на Украина. – Извршниот комитет на МОК денеска уште еднаш најостро го осуди прекршувањето на олимпиското примирје од страна на руската […]

Манчестер јунајтед ги повлече спонзорските права на руски „Аерофлот“


Англискиот фудбалски прволигаш Манчестер јунајтед ги повлече спонзорските права на руската авиокомпанија „Аерофлот“, откако Русија воено ја нападна Украина, соопшти денеска клубот. Претходно, британската Управа за цивилно воздухопловство и ја суспендираше дозволата за странски превозник на „Аерофлот“ и го затвори британското небо за оваа руската авиокомпанија. – Во светло на случувањата во Украина, ги повлековме […]

ФИС ги откажа сите скијачки натпреварувања во Русија


Меѓународната скијачка федерација (ФИС) одлучи денеска да ги откаже или премести натпреварувањата од Светскиот куп што до крајот на актуелната сезона беа закажани на територијата на Русија. Одлуката се однесува на вкупно пет натпреварувања во ски крос, слободно скијање, скијачки скокови во женска конкуренција и во скијачко трчање, кои треба да се одржат во периодот […]

Осминафинале на Лига Европа: Барселона против Галатасарај, Црвена ѕвезда против Глазгов Ренџерс


Со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион попладнево беа одредени двојките за осминафиналето во второто по ранг европско клупско натпреваруње, Лига Европа. Барселона за противник го доби Галатасарај, Црвена ѕвезда ќе игра против Глазгов Ренџерс, додека Порто за место во четвртфиналето ќе мора да го елиминира Лион. Во преостанатите натпревари од осминафиналето ќе играат: […]

Место во Санкт Петерсбург финалето на Лига шампиони се сели во Париз


Финалето на Лигата на шампиони нема да се игра во Санкт Петерсбург. УЕФА на Русија ѝ го одзете правото да биде домаќин на финалеот од Лигата на шампионите. Финалето требаше да се игра во Санкт Петерсбург, а место тоа ќе се игра во Париз. УЕФА, исто така, додаде дека сите домашни натпревари на украинските и […]

Ѓоковиќ загуби во Дубаи, веќе не е прв на АТП листата


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа денеска да се пласира во полуфиналето на турнирот во Дубаи, откако загуби од Чехот Јиржи Весели со 6-4, 7-6. Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Весели, првиот и 123. рангираниот на АТП листата, траеше речиси два часа. Ѓоковиќ со поразот во четвртфиналето на турнирот во Дубаи го загуби и првото место на АТП листата, кое […]

Руско-украинската криза го менува местото на финалето на Лигата на шампионите?


Претседателот на Европската фудбалска организација Александар Чеферин свика во петок вонреден состанок на Извршниот одбор на УЕФА по повод руската инвазија на Украина. На состанокот челниците на УЕФА треба да разговараат за многу фудбалски теми во новонастанатата ситуација во Европа, а веројатно главното прашање треба да биде одредување на местото на финалниот натпревар од оваа […]

Зајков: Засега сум на безбедно, се чека можност да ја напуштам Украина


Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков кој настапува во првенството на Украина, соопшти дека во моментов се наоѓа на безбедно и дека се чека можност за напуштање на земјата. – Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците кои сме тука да се […]

ЛШ: Вардар го победи Загреб во „балканското дерби“


Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 забележа вредна победа во битката за место во нокаут фазата во Лигата на шампиони, откако вечерва го совлада во Скопје директниот конкурент ППД Загреб со 20-19 во рамки на 12. коло во групата А. Со победата, втора во низа по гостинскиот триумф над Монпелје, „црвено – црните“ се искачија на […]