Навивачки чартер – летови за Порто, влезниците по цена од 820 денари


Продажбата на влезници за македонските навивачи за финалето од мундијалскиот бараж во Порто започнува денеска, соопшти Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) наведувајќи оти билетите можат да се купат по цена од 820 денари.

Согласно правилата на УЕФА, за македонските навивачи се предвидени пет отсто од вкупниот капацитет од 50.000 седишта на стадионот „Драгао“, што значи дека избраниците не селекторот Благоја Милевски можат да имаат максимална поддршка од трибините од 2.500 навивачи.

Продажбата на билетите за дуелот во Порто во вторник од 20:45 часот, ќе се одвива преку „Mk Tickets“ официјалниот партнер на ФФМ, и можат да се купат на линкот. https://mktickets.mk/event/por-mkd/

Домашни туристички агенции најавија и чартер летови за навивачите, кои за влез во Португалија мораат да поседуваат Ковид-19 сертификат, не постар од 270 денови, а препорачливо е пред патувањето да направат и брз антигенски тест.