Квалификациите на ГП на Саудиска Арабија во прекин поради несреќата на Мик Шумахер


Возачот на Хас, Мик Шумахер доживеа тешка сообраќајна несреќа на пет минути пред крајот на вториот квалификациски сегмент за Големата награда на Саудиска Арабија.

Шумахер ја загуби контролата на болидот во свиокот 12 и силно удри во бариерите. Медицинско возило се упати кон тркачот. „Формула 1“ се уште нема прикажано реприза на инцидентот во преносот.

Хас потврди дека Мик е во свесна состојба и дека излезе од болидот и комуницираше со лекарите.

Според првичните информации од Џеда, Шумахер ќе биде пренесен во една од локалните болници за понатамошно следење на неговата здравствена состојба.