Гвардиола: Сити треба да ги победи сите преостанати натпревари за да ја освои титулата


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за трката за титулата откако синоќа го совлада Брајтон (3:0) во 30. коло од шампионатот на Англија. – Се чувствуваме како сега математички да сме во Лигата на шампионите. Можеби луѓето велат дека е во ред, но не е. Погледнете ги само неверојатните тимови кои се борат за […]

Дончиќ сака да игра на третиот натпревар против Јута


Најдобриот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ објави дека е има желба да игра на третиот натпревар од плејофот од првото коло на НБА против Јута. – Не знам дали ќе бидам 100 отсто подготвен, но сакам да бидам на теренот доколку не постои ризик од влошување на повредата, изјави Дончиќ за „ESPN“. Да потсетиме дека […]

Мбапе се изедначи со Ибрахимовиќ по голови за ПСЖ во Лига 1


 Пари Сен-Жермен го совлада Анже (3:0) во 33. коло од францускиот шампионат. Стрелец на првиот гол беше Килијан Мбапе. Така, 23-годишниот Французин стигна до бројката од 113 постигнати голови во Лига 1. Во овој показател се израмни со екс напаѓачот на парижаните Златан Ибрахимовиќ. На првото место е Единсон Кавани со 138 погодоци. Мбапе оваа […]

Последниот учесник на СП2022 ќе биде познат на 14 јуни


Фудбалерите на Нов Зеланд и Костарика ќе се борат на 14 јуни во Доха за последното место на завршниот турнир од Светското првенство 2022, чиј домаќин ќе биде Катар, соопшти денеска Новозеландската фудбалска федерација. Победникот од дуелот ќе го заземе местото во групата Е во која се репрезентациите на Шпанија, Германија и Јапонија. Нов Зеланд последен пат учествуваше на […]

Меси ова лето нема да го напушти ПСЖ, сака да ја освои Лигата на шампионите


Франција – Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси и следната сезона сака да ја игра во францускиот клуб. Аргентинскиот напаѓач не планира да го напушти ПСЖ, објави според „Мундо Депортиво“. Меси е решен до крај да го одработи договорот, кој е со важност до 2023 година. – Лионел не ја загуби желбата да успее со парижаните […]

Марија Шарапова ја најави првата бременост на својот 35-ти роденден


Англија- Пензионираната тениска ѕвезда Марија Шарапова објави дека го чека своето прво дете со свршеникотАлександар Гилкес. Поранешната светска тенисерка број 1 ја откри својата бременост преку објава на Инстаграм на нејзиниот 35-ти роденден, поздравувајќи го почетокот на „драгоцените почетоци“. Таа објави фотографија на која стои на плажа додека блеска кон камерата и го лула нејзиното […]

Џон Мекинро: Спортските функционери грешат што ги заоструваат правилата за недолично однесување на теренот


САД- Тениската легенда Џон Мекинро нема да се расправа за намерата на официјалните лица на спортот да ги заострат правилата за недолично однесување на теренот, инсистирајќи наместо тоа дека играчите „треба да можат да се изразуваат“. Претходно овој месец, претседателот на АТП, Андреа Гауденци, испрати писмо до играчите во кое се вели дека, практично веднаш, […]

Руските тенисери со забрана за учество на Вимблдон во јуни


Англија– На руските тенисери ќе им биде забрането да се натпреваруваат на Вимблдон во јуни, одлука што ќе го спречи актуелниот светски рекет број 2 Даниил Медведев да игра на третиот Грен слем во сезоната. Тенискиот турнир, кој се одржува секоја година во клубот Ол Ингланд во Лондон, ќе се одвои од остатокот од тенискиот […]

Мукаетов останува на чело на РФМ


Актуелниот претседател на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов ќе продолжи да ја извршува функцијата и покрај неодамнешните најави за негово повлекување. Мукаетов на денешната седница на Управниот одбор на РФМ ги информира присутните дека последните случувањата во македонскиот ракомет го премислиле и дека останува со посветена работа да се постигнат нови успеси. – Пред […]

Ѓоковиќ: Ролан Гарос ми е најголемата цел, со мислите сум во Париз


Србија– Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вчера на прес-конференцијата изјави дека целта му е да ја освои титулата на турнирот Србија опен што започна вчера во Белград. Овој турнир ќе биде трет за Новак, по познатите проблеми со депортацијата од Австралија,  годинава, по Дубаи и Монте Карло. Ѓоковиќ се уште е на врвот на АТП […]

Почина едно од близнаците на Роналдо и Георгина


Англија– Суперѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо (37) и неговата сопруга Георгина Родригез (28) со нетрпение очекуваа таа да се породи и повторно да станат родители. Георгина носеше близнаци, а  фудбалерот со огромна болка ја информираше јавноста дека едно од нивните бебиња починало на самото породување. Георгина донесе на свет здраво женско бебе, кое за […]

Кениска доминација на маратонот во Бостон


САД – Олимписката победничка од Токио, Кенијката Перес Јепчирчир, во женска конкуренција, и нејзиниот сонародник Еванс Чебер, во машка конкуренција, се победници на годинешното 116. издание на Бостонскиот маратон. Јепчирчир до победата дојде во неизвесна завршница, минувајќи низ целта со време 2:21:01 часа, само четири секунди пред второпласираната Абабел Јешане од Етиопија Третото место го освои Кенијката Мару Нгуги. Во машка […]

Стоилов: Со гордост го носев дресот на Македонија


Пивотот Стојанче Стоилов синоќа го одигра последниот натпревар во репрезентативниот дрес. Тој по големата победа над Чешка и обезбедениот пласман на Мундијалот следната година, ја соопшти одлуката дека се повлекува од репрезентацијата, оставајќи простор на помладите. – Сакам да најавам крај на репрезентативната кариера. Ми беше чест и задоволство 15 години да бидам тука, со […]

Македонските ракометари се пласираа на Светското првенство 2023


Македонската ракометна репрезентација го обезбеди своето осмо учество на Светските првенства, откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ја совлада Чешка со 27:25. „Црвено-жолтите“ френетично бодрени од околу 7.000 навивачи, ја исполнија целта, континуирано учество на големите натпреварувања. Овој меч ќе остане запишан во историјата на македонскиот ракомет и по завршувањето на репрезентативната кариера на Филип […]

Циципас го одбрани трофејот на Мастерсот во Монте Карло


Монако– Петтиот светски рекет Стефанос Циципас попладнево го победи Алехандро Давидович-Фокина од Шпанија со 2:0, по сетови 6:3 и 7:6 и втора година по ред е шампион на Мастерсот во Монте Карло. Гркот ја освои својата осма титула во кариерата и вториот Мастерс. Циципас стана шестиот играч во Опен ерата кој ја одбранил титулата во Монте […]

Четврто финале на Мастерс турнирите за Циципас и прво АТП финале за Давидович-Фокина


Монако – Петтиот светски рекет Стефанос Циципас и 46-от светски рекет  Алехандро Давидович-Фокина ќе играат во финалето на Мастерсот во Монте Карло. Мечот е закажан за попладне со почеток во 14:30 часот. Циципас кој во полуфиналето вчера го победи третиот светски рекет Александар Зверев, ќе ја брани титулата во Монте Карло освоена минатата година. За Гркот […]

Роналдо ќе добие милион евра бонус по хет-трикот против Норич


Англија – Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо ќе добие бонус од околу милион евра по неговиот хет-трик на натпреварот против Норич (3:1) во 33. коло од Премиер лигата, објави „The Sun“. Според британскиот весник, Португалецот ја активирал бонусната клаузула во договорот откако постигнал 21 гол во сезоната. Договорот на играчот вклучува бонус од 905.000 евра […]

Лазаров и Миркуловски ќе го одиграат последниот натпревар во репрезентативниот дрес


Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров и еден од најдобрите централни бекови Филип Миркуловски, вечер ќе ги имаат своите последни репрезентативни настапи. Двајцата ќе бидат дел од македонската селекција која ќе го игра реваншот со Чешка во финалето на плејофот за пласман на Светското првенство 2023. На првиот меч одигран пред четири дена […]

Почина најдобриот стрелец во историјата на поранешна Источна Германија


Најдобриот стрелец во историјата на фудбалската репрезентација на поранешна Источна Германија, Јоаким Штрајх, почина на 71-годишна возраст, по долга и тешка болест, соопшти денеска неговиот поранешен клуб Магдебург. Рекордер според бројот на настапи (102) и постигнати голови (55) во репрезентативниот дрес, Штрајх беше наречен „Герд Милер од Истокот“. На клупски план ги носеше дресовите на […]

УЕФА ги укинува санкциите? Чеферин најави одлука за настапите на руските екипи


Санкциите против Русија поради инвазијата врз Украина не треба да се однесуваат на руските спортисти, оцени денеска претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Александар Чеферин, додавајќи оти европската Куќа на фудбалот наскоро ќе донесе одлука поврзана со настапите на руските клубови во европските натпреварувања. Во разговор за словенечкиот весник „Вечер“, Чеферин истакна дека рускиот спорт, кој е […]