Левче Китевски повеќе не е директор на ракометните репрезентации


Ракометната Федерација на Македонија денес соопшти дека ја прекина соработката со досегашниот директор на машките и женските репрезентации Левче Китевски.
Двете страни взаемно се спогодија за прекин на соработката.

– Ракометната Федерација на Македонија упатува благодарност за досегашниот ангажман на г-дин Левче Китевски кој ја извршуваше функцијата Директор на машки и женски репрезентации, стои во известувањето на РФМ.

Китевски како директор на ракометните репрезентации работеше во периодот јуни 2020 – мај 2022 година.